Македонија
Османи ќе учествува на 58. Минхенска безбедносна конференција
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од денес ќе учествува на 58. Минхенска безбедносна конференција, која ќе се одржи во Минхен, Германија, од 18 до 20 февруари.
Како што информираат од МНР, за време на Конференцијата, Османи ќе учествува на повеќе панели посветени на трансатлантската безбедност, соработката на НАТО и ЕУ и други теми.
Во организација на сојузната министерка за надворешни работи на Германија, Аналена Баербок, министерот Османи ќе учествува на посебен настан заедно со министрите за надворешни работи од Западен Балкан, а ќе има и свое излагање на настанот „Празнината во срцето на Европа? Враќање кон Западен Балкан“.
Исто така, ќе оствари билатерални средби со своите колеги и високи претставници на меѓународни организации.
Минхенската безбедносна конференција (MSC) се етаблира како водечки глобален форум на кој многубројни претседатели на држави, шефови на влади и министри, како и највисоки претставници на најзначајните меѓународни организации за безбедносни прашања дискутираат за актуелните и за идните безбедносни предизвици.
Во фокусот на ова 58. издание на Минхенската конференција за безбедност оваа година ќе биде посветена на темата „Меѓународната соработка во време на растечки кризи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

