Контакт

Македонија

Островска во Лисиче добива мултифункционален спортско-рекреативен комплекс

Објавено пред

Активностите за унапредување на урбаното и локално живеење во општина Аеродром продолжуваат со нови инвестиции на локацијата Островска во Лисиче, каде што набргу почнува изведбата на нов мултифункционален спортско-рекреативен комплекс, што вклучува изградба на фудбалско, кошаркарско и детско игралиште, поставување павер-елементи, клупи, осветление и хортикултурно уредување на околниот простор.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за инвестиција која го адресира проблемот на граѓаните од овој дел на Аеродром и целосно е финансирана со средства од буџетот на Општината.

„Ветивме дека проектите и инвестициите ќе се однесуваат на сите делови од Аеродром, а токму затоа задоволство е кога ќе се види дека овие ветувања се реализираат. Населбите што со години важеа за заборавени добиваат содржини што ги унапредуваат урбаното живеење и секојдневието на граѓаните. Убеден сум дека ова место ќе биде причина за спортување и нови маалски дружби, кои ќе го задржат духот на Аеродром“, напиша градоначалникот Муцунски во својата објава.

 

Македонија

Андоновски: Дигиталниот самит ја става Македонија на мапата на дигитално развиени држави

Објавено пред

Од

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во гостување на македонско радио, говореше за Дигиталниот самит кој ќе се одржи во Скопје на 1 и 2 октомври, во Музејот на современа уметност, на кој ќе бидат присутни над 800 учесници од државата, но и од другите земји од регионот и од Европа.

dobivaj vesti na viber

Андоновски истакна дека оваа година самитот е малку реорганизиран, со тоа што ако порано бил само за функционери и членови на владите, сега и граѓаните, бизнис секторот, универзитетите, ќе може да присуствуваат и да ги слушаат говорниците кои се поканети на самитот.

Како главни теми на самитот ќе бидат сајбер-безбедноста и дигиталните услуги, но на самитот ќе се говори и за вештачката интелигенција, најави Андоновски.

„Главен интерес ќе ставиме на сајбер-безбедноста, 3 панели ќе бидат посветени на неа, затоа што имаше голем интерес и од учесниците и од панелистите. Потоа, дигиталните услуги, ќе ја преставиме како што ветив македонската мобилна супер апликација, секако ќе разговараме за дигитален паричник, дигитален идентитет, интероперабилност, нови услуги, поврзување на институциите, иновации, вештачка интелигенција и итн’’, рече министерот за дигитална трансформација.

Во однос на промоција на настанот, Андоновски напомена дека сите панели и свеченото отворање, како и обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски и неговото обраќање ќе бидат дигитално пренесувани на социјалните мрежи.

„Сите заинтересирани кои нема да можат да бидат во можност да присуствуваат на настанот, ќе можат истото да го следат на социјалните медиуми, мислам дека ќе биде одличен настан’’, заклучи Андоновски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во полициската станица во Пробиштип ќе биде поставена биста на Тоше Тодоровски кој загина во дискотеката „Пулс“

Објавено пред

Од

Утре, 27.09.2025 година, во 10.00 часот, во кругот на полициската станица во Пробиштип ќе се одржи свечена церемонија на откривање на спомен бистата на Тоше Тодоровски, кој трагично го загуби животот извршувајќи работни задачи во дискотеката ,,Пулс” во Кочани, соопшти Независниот полициски синдикат.

dobivaj vesti na viber

„Во овие тешки моменти во кои навршија 6 месеци од трагедијата и сѐ уште се чуствува длабока тага и болка не е време за поделби, туку е момент кој треба да не обедини сите кои сочуствуваме со фамилиите кои загубија свои блиски, достоинствено да одадеме почит и да побараме правда за сите“, велат од Синдикатот.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР објави анкета за неговите услуги

Објавено пред

Од

Министерството за внатрешни работи објави анкета да го истражи задоволството на граѓаните од користење на услугите на МВР.

dobivaj vesti na viber

„Во насока на подобрување на квалитетот на услугите во Министерството за внатрешни работи Ве известуваме дека е поставен анкетен прашалник преку кој може да го изразите Вашето задоволство од користењето на услугите на Министерството за Внатрешни работи“, велат од МВР.

Анкетата е објавена на следниот линк: https://mvr.gov.mk/mk-MK/anketen-prasalnik

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина

Општина Аеродром информира дека до МВР и Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради,...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидати за советници во Струмица од СДСМ нападнале странски државјани

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека кандидати за советници на опозициската СДСМ во Струмица физички нападнале странски државјани. Според нивните наводи, станува...

Македонија2 часа

Николоски: Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа

Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит...

Македонија2 часа

За два дена над 200 прегледани лица во Трубарево, уште 8 упатени на Пулмологија

Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на жителите на Трубарево, со цел навремено откривање...

Македонија4 часа

Пешаците и возачите на велосипеди и тротинети од денес под нови правила: нема слушалки и телефони

Од денес стапуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Републичкиот совет за безбедност...

Свет4 часа

Трамп: Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да дозволи Израел да го анектира Западен Брег, одбивајќи ги барањата на дел...

Македонија4 часа

До понеделник посвежо време со повремени врнежи, локлно поројни со грмежи и ветер

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од...

Македонија12 часа

(Видео) Нов пожар го труе Скопје: Намерно запалена депонија во Арачиново

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Од...

Македонија16 часа

Мицкоски од Струмица: По 7 години кочење, започнува доизградбата на стариот театар

По седум години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. „Како Влада продолжуваме да ги...

Македонија18 часа

Сиљановска-Давкова во ОН: Руската агресија директно ги загрозува меѓународниот мир и безбедноста

Потресите на меѓународниот поредок отворија длабоки геополитички раседи. Еден од најактивните е во Украина, каде веќе три и пол години...

Македонија21 час

Ресенчани алармираа: Преспа има годишно по 250 новозаболени од карцином, се бори со стерилетет и проблеми со тироидна жлезда, а тоне во ѓубре

На Преспа и’ треба заедничка акција која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локаната и...

Македонија22 часа

СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција ја претстави предлог-резолуцијата со која, како што рече, се дефинираат заедничките државни...

Македонија23 часа

Се запали цистерна што превезувала нафта: излетала од патот Гевгелија – Богданци

Претпладнево, цистерна, која превезувала нафта, излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртела по што дошло до истекување...

Македонија1 ден

Параглајдинг-несреќа на Галичица: државјанин на Германија доживеа тежок пад од поголема височина

Планинската спасителна служба „Охрид“ извести дека вчера, околу 18.30 часот, добила повик од група параглајдеристи, кои летале од падините на...

Македонија1 ден

„Ниту една повеќе!“ повикува на блокада од 18 часот пред Паркот на жената борец: Да изградиме поинаков свет – свет без насилство врз жените

Феминистичкото движење за слобода и правда на жените, „Ниту eдна повеќе!“ најавува блокада која ќе се одржи денеска од 18...

Македонија1 ден

Кај 11 лица од Трубарево утврдени иритации на грлото при скринингот

Кај 11 лица од Трубарево се утврдени иритации и надразнување на грлото при првиот ден од скринингот што го спроведува...

Европа1 ден

Украина: Соборивме моќен руски „су-34“

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руски борбен авион Су-34 е соборен во близина на градот Запорожје околу...

Свет1 ден

(Видео) Хутите лансираа два дрона кон Израел, едниот погоди хотел: има повредени

Беспилотно летало лансирано од јеменските Хути повреди 22 лица во јужниот израелски град Еилат, соопштија израелските служби за итна медицинска...

Свет1 ден

Трамп е убеден во тројна саботажа во Обединетите нации

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Обединетите нации веднаш да започнат истрага за „тројната саботажа“ во која тој бил во...

Свет1 ден

(Видео) Хонг Конг се закрепнува од супертајфунот Рагаса, повеќе од 100 повредени

Хонг Конг денес ги обнови летовите од својот меѓународен аеродром, додека густо населениот град се опоравува од супертајфунот Рагаса што...