Македонија
Отворање мултимедијална читалница во НУБ „Св. Климент Охридски“ и промоција на фототипни изданија
Утре, со почеток во 12.30 часот, ќе се одржат отворањето на мултимедијалната читалница во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски’ – Скопје и промоцијата на едицијата на фототипни изданија „НУБ за македонскиот јазик“.
Како датум за одржување на овој настан е избран денот кога е роден Крсте Петков Мисирков, една од најзначајните историски фигури за македонскиот јазик, бидејќи годинава се одбележуваат 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.
Во првиот дел на настанот е предвидено да имаат поздравни обраќања министерот за култура и туризам Зоран Љутков и директорот Јовица Никчевски, кој ќе се зборува за новата мултимедијална читалница во НУБ „Св. Климент Охридски“, која е модерно уредена на две нивоа и располага со најсовремена опрема и инвентар, како и со онлајн-пристап до бази на податоци со електронски книги и научни и стручни списанија.
Во вториот дел на настанот, пак, програмскиот директор Јовица Тасевски-Етернијан ќе го претстави проектот за издавање фототипни изданија на значајни публикации од фондот на НУБ „Св. Климент Охридски“ поврзани со македонскиот јазик, а од името на авторките на предговорите во публикациите ќе се обрати и истовремено ќе ги промовира изданијата д-р Симона Груевска-Маџоска, претседателка на Советот за македонски јазик.
Промоцијата ќе биде збогатена со читање извадоци од делото „За македонкцките работи“ од Крсте Петков Мисирков во интерпретација на Лина Станоеска, како и со изложба, на која присутните ќе може да ги видат оригиналните примероци од „Речникот од три јазика“ од Ѓорѓија Пулевски од 1875 година, „За македонкцките работи“ од Крсте Петков Мисирков од 1903 година, примерокот од „Абецедарот“, испратен за одобрување во Друштвото на народите во 1925 година, првиот „Буквар со читанка“ на кодифициран и стандардизиран македонски јазик издаден во 1945 година и првата „Македонска граматика“ од Круме Кепески од 1946 година, како и фототипните изданија со предговори од д-р Весна Мојсова-Чепишевска, д-р Симона Груевска-Маџоска, д-р Елка Јачева-Улчар, д-р Станислава Тофоска и д-р Јованка Кепеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





