Македонија
Отворени канцеларии за социјална работа во Брвеница и Желино
Дополнителната заменик- министерка за труд и соијална политика, Санела Шкријељ, ги посети новоотворените канцеларии за социјални работи во општините Брвеница и Желино. Овие две канцеларии се дел од мрежата на канцеларии што МТСП ги отвори во соработка со општините за да го олесни пристапот до социјалните права на сите граѓани.
„Изминатите две и пол години работевме на прилагодување на системот на социјална заштита на потребите на граѓаните. Овие канцеларии се резултат на грижата за секој граѓанин на едноставен и достапен начин да побара социјална помош или кое било друго право од системот на социјална заштита. Жителите на Брвеница и Желино веќе не мора да одат до Тетово, туку можат да се информираат и да аплицираат во општинската канцеларија. Социјалната реформа значи промена на пристапот до граѓаните, грижа за секој граѓанин подеднакво”, рече заменик-министерката Шкриjељ.
За градоначалникот Блерим Сејдиу, локалната канцеларија за социјална работа во Желиное убава вест за жителите.
„Ова е голема рурална општина со 30.000 граѓани. Ваква канцеларија ни беше навистина потребна”, посочи Сејдиу.
„Општина Брвеница ги поддржува сите проекти за олеснување на животот на граѓаните”, рече градоначалникот Енвер Пајазити, нагласувајќи дека соработката со централната власт ќе продолжи.
„Дополнителната заменик-министерка ја информиравме и за изградбата на градинката во Брвеница. Работите се интензивирани. Ова е општина со многу млади, за нив згрижувањето на децата од предучилишна возраст во местото каде живеат, ќе биде големо олеснување”, рече градоначалникот Пајазити.
Со отворањето на 50 регионални канцеларии на меѓуопштинските центри за социјална работа, со посебен акцент во руралните општини, се овозможува подобра координација на активностите, растоварување на меѓуопштинските центри и поквалитетни услуги на центрите за социјална заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

