Македонија
Отворен проширениот и ребрендиран дијагностички центар „Жан Митрев Дијагностик“
На вкупна површина од околу 1000м2 во комплетно реновиран објект на два ката, лоциран на бул. Гоце Делчев бр.113 во Струмица, отпочна со работа најсовремениот дијагностички центар во овој регион. Дијагностичкиот центар Жан Митрев нуди врвни услуги од современата медицина и резултати базирани на брза и прецизна дијагностика.
![]()
Центарот располага со 4 специјалистички амбуланти, дневна болница, дијагностичко – радиолошки оддел, единствен во регионот опремен со рентген уред со ниско зрачење, со мамомат со врвна 3Д технологија и ергономичен дизајн кој овозможува брзо, удобно и безболно скенирање. Докажаните супериорни клинички перформанси овозможуваат исклучително прецизна дијагностика која е клучна за рано откривање на карцином на дојка.
![]()
Најсовремениот 160 слоен компјутерски томограф обезбедува детални слики од различни регии на човековото тело со помош јонизирачко зрачење. Врвниот квалитет на снимање е со најниска радијациска доза, додека пак екстремната ротациска брзина значително го скратува времето на снимањето. Сликите се со висока резолуција и овозможуваат 3Д испитување на целото тело, особено погодно за спроведување на компјутерски водени биопсии, како и прецизно дијагностицирање на непожелни наслаги во кардиоваскуларниот, урогениталниот и мускулноскелетниот систем. Достапен е и декса-скенер со кој се изведува мерење на густина на коскеното ткиво или т.н остеодензитометрија.
![]()
Утврдувањето на коскената густина – колку се силни коските – е од исклучителна важност при одредувањето на здравјето на коските и ризикот од фрактура поради остеопороза. На располагање се и биохемиска и генетска лабараторија опремени со најсовремена опрема со цел добивање на брзи, прецизни и комплетни резултати. Во Жан Митрев Дијагностик Струмица се извршуваат сите видови на специјалистички и супспецијалистички прегледи од областа на кардиоваскуларна дијагностика, ортопедска дијагностика, урологија и други интернистички прегледи и интервенции. Во склоп на овој дијагностички центар функционира и дневната болница која овозможува интердисциплинарен пристап кон пациентот со цел брзо дијагностицирање, следење и третман на акутни и хронични состојби без задржување во текот на ноќта.
![]()
На овој начин се постигнува многу повисоко ниво на квалитет на живот на пациентот за време на боледување, а во исто време се скратува времето на чекање за хоспитализација или дијагностички тестови. За достапност за брзи интервенции на располагање е амбулантно возило за брз медицински транспорт. Пред самиот објект е лоциран засебен пункт за земање примероци за КОВИД-19. Со отворањето на овој центар се подига нивото на медицински услуги кои се нудат во овој регион и истовремено им се овозможува на луѓето на локално ниво, без да патуваат во Скопје, да добијат врвни здравствени услуги.
![]()
„ Јас и понатаму работам на остварување на визијата за практицирање врвна медицина во Македонија. Секако за да се постигне тоа потребно е да се направи вистинската комбинација на тим од искусни лекари и најсовремена технологија. Ние тоа го имаме во Жан Митрев Дијагностик во Струмица. Во чекор сме со се она што ќе им помогне на пациентите да се чувствуваат подобро, посигурно и посреќно. Со нашата регионална присутност гарантираме дека квалитетот на услугите ќе биде на идентично ниво како и во нашата клиничка болница, а поблиску до луѓето од овој дел од земјата“ изјави Академик д-р Жан Митрев.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

