Македонија
Отворен реновираниот оддел на Клиниката за неврохирургија
Премиерот Оливер Спасовски во придружба на министерот за здравство, Венко Филипче, и директорот на Клиниката за неврохирургија, Владимир Рендевски, денеска во Клиничкиот центар го посети реновираниот стационарен оддел при оваа клиника.
Министерството за здравство информира дека е направена целосна реконструкција на сите болнички соби, кои во најголем дел се преадаптирани во двокреветни, изградени се тоалети со бања и целосно е реновирана инсталацијата за медицински гасови.
Исто така, реконструирана е и собата за полуинтензивно лекување, која ќе биде дел од новиот оддел за ендоваскуларна хирургија по отворањето на хибридната сала.

Директор на Клиниката информира дека во рамките на стационарниот оддел се реновирани 10 болнички соби во вид на апартманско сместување и изрази особено задоволство што е реновирана и детската соба со бања и чајна кујна.
Министерот за здравство информира дека во периодот што следува ќе се формира хибридна сала во рамките на Клиниката, со што пациентите ќе ја добијат целосната здравствената услуга на едно место и нема да треба да се транспортираат до клиниките за радиологија или за кардиологија.
Тој најави дека во следните две недели почнува и реконструкцијата на заедничките простории на хируршките и на интерните клиники: влезовите, коридорите, Ургентниот центар и најстариот дел на Клиниката за интерни болести, од каде што се движат пациентите и се упатуваат во клиниките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

