Македонија
Отстранета дивоградба на скопското Кале

Овластен градежен инспектор, со техничка механизација, вчера ја отстрани дивоградбата која незаконски се издигна во близина на скопската тврдина Кале.
„Импровизираното градилиште претходно, на 18 септември, беше затворено од страна на општината, а на инвеститорот му беше наложено во јасно одреден законски период да ја отстрани дивоградбата. Откако инвеститорот не постапи по решението и продолжи со изградба, Секторот за инспекциски работи на општина Центар пристапи кон отстранување на истата“, велат од Општината.
Од таму додаваат дека инвеститорот гради градба без поседување ниту една дозвола и одобрение за градење издадено од општината, а воедно дел од градбата се наоѓа и во со закон строго заштитена зона за градби, односно тврдината Кале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради уличен дефект ф 300 мм на улицата Борис Трајковки бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Борис Трајковски краците 7, 9 и 11 и дел од улицата Борис Трајковски од 09:00 часот до завршување, општина Кисела Вода;
· поради уличен дефект ф 80 мм на улицата Луј Пастер бр.3, прекинато водоснабување ќе имаат корисниците на дел од улицата Луј Пастер и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.
Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.