Македонија
Охрид домаќин на кампот на Фондацијата на најтрофејниот клуб на планетата – Реал Мадрид
Од 14 до 18 јануари Македонија ќе биде домаќин на кампот на Фондацијата на најтрофејниот клуб на планетата, Реал Мадрид. Шпански тренери, кралско искуство и светски фудбал ќе искусат децата од 7 до 17 години, кои ќе бидат дел од вториот Real Madrid Foundation Campus Experience Macedonia, кој ќе се одржи во Охрид.
На прес-конференцијата, која се одржа во просториите на Општина Охрид, градоначалникот Јован Стојаноски ја изнесе својата поддршка за кампот со највисоко реноме на светот.
„Општина Охрид во рамките на овој проект е само еден поддржувач што и во минатото поддржувал вакви проекти кои што значат развој на младите, на спортскиот дух и позитивна енергија во нашиот град. Сето тоа ќе придонесе за своевидна промоција на Охрид. Поради тоа, оваа година решивме да бидеме поддржувачи на вашиот камп, а во зависност од развојот на овој проект во годините што следуваат ќе потпишеме и договор за соработка или некоја друга форма на кооперација помеѓу нас. Општина Охрид набргу ќе излезе и со своевидна промоција на градот како нова спортска туристичка дестинација и на тој начин ќе дадеме придонес во развојот на туризмот и пренасочување на сегментот на гостите што доаѓаат. Би сакал да им честитам на раководните структури на хотелот „Аквалина“, кои покажуваат интерес во правец на она што ние го разговараме како стратегија за развој на туризмот во Охрид преку поддршка на спортските клубови што доаѓаат од Балканот и пошироко, меѓу кој спаѓа и овој проект што0 имаме чест и задоволстсво да ви го преставиме денес“, изјави градоначалникот на општина Охрид.
На глобално ниво Campus Experience е спортски едукативен проект, кој постои една деценија како најсилен проект во светот на спортот, меѓународен и мултикултурен проект, каде што над 3.000 деца од 100 националности биле заедно во изминатата година.
„Фондацијата ‘Реал Мадрид’ е производ на клубот кој ја развива социјалната посветеност преку образовни проекти и социјална интеграција. Таа ја промовира практиката на тимски спортови во Шпанија и странство промовирајќи ги позитивните и образовните вредности на спортот како алатка способна да придонесе за интегрален развој на личноста. Кампус експириенс е проект со специфични активности од областа на едукацијата развиена од Фондацијата ‘Реал Мадрид’ во рамките на својата програма на активности за да им даде можност на сите момчиња и девојчиња од 7 до 17 години, кои сакаат да се едуцираат преку стекнување вредности што им ги овозможува фудбалот“, изјави Влатко Тодев, првиот човек на „Спорт арена“, носител на лиценцата за организирање кампови наФондација „Реал Мадрид кампус експериенс“ во Македонија.
Овој проект е присутен на пет континенти и ги обединува децата преку нивната страст кон фудблскиот клуб Реал Мадрид и вредностите на клубот, како што се: напорна работа, иницијатива, самоконтрола, тимска работа и респект.
В година на ова големо семејство ќе им се приклучат и 100 деца од вториот Real Madrid Foundation Campus Experience. За нив ќе бидат одговорни лиценцирани тренери од Мадрид, а според правилата на клубот, еден тренер ќе работи со 20 фудбалери. Логистиката на организаторот во Македонија ја спроведува „КМГ спорт агенција“, специјализирана за спортски настани и проекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски ќе урива дивоградби низ Скопје, се чисти депонијата кај гробиштата во Бутел
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави засилени мерки против дивите депонии и дивопоставените објекти низ градот, потенцирајќи дека „ред мора да има“. Тој информира дека по третпат се чисти депонијата во близина на гробиштата во Бутел, додека паралелно ќе се постапува и против узурпацијата на јавниот простор.
Ѓорѓиевски изјави дека просторот со години бил запуштен и дека станува збор за место кое мора да биде достоинствено уредено, особено во пресрет на верските празници кога граѓаните масовно ги посетуваат гробиштата.
– Ова е трета акција за чистење откако сум градоначалник. Во изминатите четири дена повторно се спроведува расчистување во координација со Општина Бутел. Наместо средствата да ги насочиме кон развој и изградба, ние повторно трошиме ресурси – луѓе, камиони и механизација, за истата намена – изјави тој.
Како претседател на ЗЕЛС, побара итно донесување на законските измени за комунална полиција, со кои се предвидува и зголемување на глобите.
– Мора да се воведе ред и во овој сегмент. Казните треба да бидат повисоки за конечно да се стави крај на несовесното однесување – порача градоначалникот.
Ѓорѓиевски најави дека следува и поинтензивна акција против дивопоставените објекти кои узурпираат јавен простор, велосипедски и пешачки патеки, зелени површини и други јавни зони.
– Граѓаните 30 години бараат ред. Ред ќе има. Знам дека некој нема да го прифати тоа позитивно, затоа што му се нарушува комодитет кој му бил дозволен на грбот на градот и граѓаните – рече тој.
Посочи дека постојат објекти поставени без никаква документација, па дури и во близина на здравствени установи.
– На Бит Пазар има објект поставен на велосипедска и пешачка патека, невозможно е да се функционира. Тој ќе биде отстранет. Секаде каде што имаме узурпација на државен простор ќе постапуваме – истакна градоначалникот.
Според него, целта е изградба на систем во кој правилата ќе важат еднакво за сите.
Македонија
Апасиев: Левица ќе и поднесе кривична пријава на Цвета Ристовска
Партијата Левица соопшти дека ќе поднесе кривична пријава против Цвета Ристовска, член на Државната комисија за спречување на корупцијата, откако таа поднесе оставка од функцијата.
Лидерот на партијата, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи наведе дека правниот тим на Левица подготвува пријава поради, како што тврди, лажирање податоци во анкетен лист со цел прикривање фирми поврзани со нејзини блиски.
Тој посочи дека, според нив, станува збор за кривично дело утврдено со Кривичниот законик и додаде дека доколку не биле објавени серија скандали, Ристовска сè уште ќе ја извршувала функцијата.
Апасиев истакна дека партијата ќе продолжи со откривање случаи на корупција и ги повика граѓаните кои располагаат со докази против функционери да ги достават до нив, ветувајќи дискреција и поведување правни постапки без оглед на политичката припадност на инволвираните.
Македонија
Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по пријава за семејно насилство извршено врз неговата 32-годишна вонбрачна партнерка, која била во вториот месец од бременоста.
Според Обвинителството, насилството се случило во домот на улицата „Рајко Жинзифов“ во Скопје, каде по расправија осомничениот започнал физички да ја напаѓа жената, удирајќи ја со тупаници и шлаканици по главата и телото. На оштетената ѝ биле нанесени гребаници, отоци и хематоми.
Додека жртвата викала и барала помош со намера да ја слушнат соседите и да повикаат полиција, осомничениот, според наводите, станувал сè поагресивен и продолжувал да ја удира, а во еден момент ја притиснал со раце за врат со цел да ја замолчи.
За да се спаси и да излезе од домот, жената го убедила осомничениот да заминат на гинеколошки преглед и да направат ехо на бременоста. Додека се движеле со автомобил и возилото застанало на семафорите на булеварот „Св. Климент Охридски“, таа успеала да избега и да влезе во блиско кафуле, каде побарала помош. Со позајмен мобилен телефон веднаш ја известила полицијата.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост, кои вклучуваат обврска осомничениот повремено да се јавува кај надлежен орган, привремено одземање на патна исправа, како и забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетената.

