Македонија
„Охрид СОС“: Повторно матно ќе се легализираат дивоградби на атрактивни локации покрај езерото
Општина Охрид повторно матно ќе легализиција дивоградби на атрактивни локации, соопшти невладината организација „Охрид СОС“. Според неа, бидејќи Општина Охрид не е транспарентна и Советот не работи во име на жителите на Охрид и ниеден документ за ниедна седница не е јавно достапен на увид, барем седум дена пред седницата на интернет-страницата на Општината, морале сами да пребараат низ АКН ГИС-системот на Агенцијата за катастар за да видат за што се работи и кои парцели се предложени за легализација на следната 26. седница. Во продолжение ви го пренесуваме нивното соопштение интергрално:

„На страницата на Општината стои само едно соопштение со точките на дневен ред, ништо повеќе. Единствено советниците добиваат некои материјали, но и тие не ги споделуваат со своите гласачи. Останува на седница само да гласаат ‘за’ или ‘против’ и нештата да се донесат.

Во продолжение ставаме на увид за што ќе гласаат, меѓу другото, (односно што треба да легализираат) советниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и на ДУИ. Во описот на секоја слика е наведено под која точка е на дневен ред и за која локација, односно катастарска парцела, се работи, без податоци за тоа што се легализира. Зачудува како земјиште во сопственост на Република Македонија, во Трпејца, кај автокампот „Андон Дуков“, во Велестово, и на други локации каде што нема изградени објекти, се става во категоријата вклопување бесправно изградени објекти, а уште повеќе, некои од катастарските парцели се наоѓаат на самиот брег на Охридското Езеро и во Националниот парк Галичица, на атрактивна местоположба. Се сеќаваме на повлечената точка од дневен ред за месноста Градиште, само пред два месеца, каде што се подготвуваше слична операција имајќи предвид, дополнително, дека тука сè уште не е завршен процесот на денационализација.
Зошто не смее да се легализира
• Некои од локациите се во рамките на НП Галичица и на самиот брег. Дали е добиена согласност од ЈУНПГ и МЖСПП и дали точно знаеле што одобруваат?
• Не се наведува големината на објектите што се легализираат, а некои од парцелите се со големина од илјадници квадратни метри, па дури и 6 хектари во Трпејца, така што воопшто не се знае што се легализира;
• Се легализира на парцели, кои според катастарската евиденција воопшто не се водат како градежно земјиште; некои се во државна сопственост. Државата сама посегнува кон нелегално градење и ги прекршува сопствените закони?
• Барем на една од парцелите нема изградени објекти. Што тоа се легализира? Дали локалната издава бланко-карта (carte blanche) за легализација уште пред да биде изградено за потоа да се гради кој, како и колку сака, можеби да се оттуѓи земјиштето по повисока цена и да се овозможи лесна урбанизација.
• По инцидентот со легализацијата во Градиште пред само 2 месеца и повлекувањето на точките од дневен ред, в.д. градоначалникот Константин Георгиески најави ревизија на сите плански документи и посочи дека во општината „правиме сè да ги спречиме несовесното однесување и бесправното градење“. Дали овие точки на дневниот ред за 26 .седница се уште една грешка со многу поголеми последици?
• Некои од предвидените легализации се однесуваат на Горица Север, која треба да биде заштитна зона на Студенчишкото Блато, што е во постапка за прогласување споменик на природата. Дали со легализација на објекти токму тука се сака да се попречи заштитата на Блатото и да се оневозможи да се заштити во неговата реална големина?

Легализацијата се коси со обврските кон УНЕСКО. Во согласност со барањата од реактивната мисија на УНЕСКО од април 2017 вклучени во препораките 41 COM 7B.34 од истата година, македонската влада имаше обврска да направи инвенторизација на сите нелегални градби во рамките на доброто на УНЕСКО; да се изработи оцена за влијанието врз животната средина (ОВЖС/EIA) и оцена за влијанието врз културното наследство (ОВН/HIA), кои ќе го проценат влијанието на нелегалните градби врз ИУВ (исклучителената универзална вредност) на доброто; да ги отстрани сите нелегални градби, особено во НП Галичица според процените на старешката оцена и да загарантира ригорозна примена на законите и регулативата со цел да оневозможи какво било натамошно нелегално градење во рамките на доброто.

Владата во акцискиот план кон извештајот за напредокот во спроведување на препораките од февруари 2018 си зададе задача со рок до ноември 2018 да направи детален инвентар на нелегалните градби. Тоа, се разбира, не се случи, Владата не го испочитува ни планот што самата си го зададе, а следствено не се реализирани ни другите барања. Во извештајот за напредокот во спроведување на препораките од 30 ноември 2018 Владата несмасно посочува дека за градбите што се легализираат, мислење, односно одобрение, дава надлежна установа за заштита на културното наследство, што не е институција што може да направи процена за влијанието врз природното наследство, а секако отсуствува и гореспоменетата неопходна оцена (ОВЖС).

Да нема забуни, иако Владата дава отчет пред Центарот за светско наследство на УНЕСКО, задачите што се во доменот на локалната самоуправа се нејзина обврска. Тоа, секако, ја вклучува урбанизацијата за чие планирање и контрола е задолжена Општината. Тоа е истата Општина Охрид која во 2017 немаше чуено за Препораката бр. 6 за мораториум на урбанизацијата, во летото 2018 сметаше дека прогласувањето мораториум не е во нејзина надлежност за во ноември 2018 да се пофали дека мораториум, всушност, имало бидејќи од ноември 2017 Општината не усвоила нови урбанистички планови. Иако во меѓувреме, само во 2018 до комисијата за Охридскиот Регион беа поднесени десетици барања за урбанизација. Се разбира, продолжија и издавањето дозволи и градењето, помали измени на урбанистички планови, но најфрапантно продолжија изградбата и легализацијата на дивоградбите.
Во реалноста, не само што мораториум не постои туку легализацијата на дивоградбите, што по дефиниција значи кршење на законот, односно незаконско градење, е дрско постапување токму во спротивност не само на препораките на УНЕСКО туку и со законите во земјата. Таа води кон урбанистички хаос, неконтролирана урбанизација, го нарушува планскиот развој и е директно врзана со деградацијата на Охридското Езеро, односно еутрофикацијата на водите. Со тоа Општина Охрид и Владата демонстрираат основно наразбирање за заканите по природното наследство на Охридскиот Регион и свесно го водат единственото УНЕСКО-добро на Македонија на листата на загрозени подрачја за што Комитетот за светско наследство треба да се произнесе оваа година.
Затоа, бараме отфрлање на точките и запирање на легализацијата. Приоритетно да се изготват детаљниот инвентар на нелегални градби, оцената за влијанието врз животната средина и да се постапи по препораките на УНЕСКО. Да се пристапи кон отстранување на градбите за кое е проценето дека штетно влијаат на ИУВ на доброто и за запре легализацијата сè додека не се изработи планот за управување со Охридскиот Регион. Повторно ја потсетуваме Општина Охрид да работи транспарентно и во интерес на трајно зачувување на вредностите на регионот.
Податоци за спорните парцели
КП 1499, КО Трпејца – точка 43. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП бр. 1482 и 1499 КО Трпејца.
Ледина на запад од централното јадро на селото, неизградена, во сопственост на Република Македонија. Огромна површина, веднаш над езерото. Што треба тука да се легализира и зошто толкава површина? За чиј интерес?
КП 869/1, КО Охрид 4 – точка 55. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП бр. 869/1 и 869/2 КО Охрид 4.
Прва во табелата за сопственост е Република Македонија. Парцелата не е сегментирана, туку е претставена како една целина. Тоа е автокампот „Андон Дуков“. Парцелата е на самиот брег, нема 50 метри од највисокиот водостој, иако брегот треба да е јавен простор.
КП 869/2, КО Охрид 4 – точка 55
Изграден објект, во сопственост на Република Македонија. Не е кажано за каков објект се работи, зошто досега бил дивоградба и токму сега се створила потреба да се легализира. Во рамките е на (обиколен од) КП 869/1 и веројатно би влегол во планот за таа парцела.
КП 866/1, КО Охрид 4 – точка 58. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП бр. 860/1, 860/2, 865/1 и Кп.бр.866/1 КО Охрид 4.
Огромна парцела, многу блиску до брегот. Се забележува напред, на плажата дека е исчистена трската, прекинат е појасот, веројатно некој од локалните сопственици правел отворен простор за чамци, пристап од вода. Дали е и тука брегот приватизиран?
КП 5863/2, КО Охрид 4 (Горица Север) – точка 56. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на KП бр. 5.863/2 KO Oхрид 4.
Горица Север треба да е заштитна зона за Блатото. Дали сега се легализира за да се отежне или оневозможи заштитата?
КП 645/2, КО Велестово – точка 17. Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП бр. 645/1 и КП бр. 645/2 КО Велестово.
Парцелата 645/2 е во сопственост на Република Македонија, нема изграден објект, се води како нива. Кој и зошто ја легализира?“, се наведува во соопштението на „Охрид СОС“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.
„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.
Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.
„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.
Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.
Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.
Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.
После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.
Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.
Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.
СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.
Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.
Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

