Македонија
„О2 иницијатива“: Владата мора да го вклучи проблемот со загадениот воздух во буџетот или да си поднесе оставка
Вчерашната презентација на предлог-буџетот на РМ за 2019 година на ниту едно место не ги спомнува заштитата на животната средина и намалувањето на загадувањето, тврдат од „О2 иницијативата“.
„Комплетниот дебакл што оваа Влада го доживеа во однос на справувањето со загадувањето и заштитата на природата овој предлог-буџет само го констатира. По една и пол година од формирањето, две години од изборите, оваа Влада комплетно потфрли и не го спроведе она што го вети во областа на животна средина“, се наведува во нивното соопштение.
Како што наведуваат од „О2 иницијативата“, една од итните реформски приоритети во првите 6 месеци требало да биде воспоставувањето фонд за животна средина, во кој директно ќе се слеваат средствата добиени од такси за животна средина.

„Не само што не се оствари ова ни по една и пол година туку со минатонеделниот ребаланс на буџетот за 2018 се скратија над 2 милиона евра за заштита на животна средина. А се задушуваме во загадување, мониторинг-станиците не работат, инспектори нема доволно, нема опрема за мерење, нема акредитирани лаборатории, нема доволно и адекватни субвенции за премин на домаќинствата во загревање што нема да загадува, нема соодветен јавен транспорт што би ја намалил употребата на возила, законите стојат во место, правилници и уредби не се носат… И ова е само во областа на аерозагадувањето. Тонеме“, сметаат од „Иницијативата“.
Оттаму велат дека за парадоксот да биде поголем, во 2016 година се собрале над 183 милиони евра во даноци (такси) поврзани со животната средина.
„Ни лани ни оваа година собраните средства не ги користите наменски, туку за долгови на општините, за полнење дупки во буџетот. Средствата имаат точна намена – подобрување на квалитетот на животната средина“, велат од „О2 иницијативата“ во јавното обраќање до властите.
„Имате ли одговорност за она што сте го ветиле, совест за влијанието на загадувањето врз сите жители на оваа држава, срам дека парите, наместо со нив да го решите загадувањето во најбрз можен рок, ги користите за други цели. Тоа се вели крадење од здравјето на граѓаните, на децата“, додаваат од „Иницијативата“.
Оттаму бараат итно да се измени буџетот за 2019 година и во владината програма „Унапредување на животната средина“ да се внесе посебна потпрограма – „Справување со аерозагадувањето“ и повеќето од средствата од собраните даноци поврзани со животната средина да се наменат за, како што велат, најгорливото прашање – аерозагадувањето.
Од „О2 иницијативата“ сметаат дека за една година во најзагадените градови воздухот може да се доведе во граници на дозволено годишно ниво.
„Во спротивно, бараме да си поднесете оставка и да оставите простор најгорливиот проблем на граѓаните, заштитата на нивниот живот и здравје, да го оставите на некој друг кој искрено ќе се грижи за тоа“, наведуваат оттаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.
Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.
Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки, соопшти обвинителството.
Македонија
Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството, велат од СДСМ
Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, истакнуваат од СДСМ.
„Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата.
Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.
Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.
Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд“.
Според СДСМ, додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат, носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ.
„Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.
Следува целосно погребување на правдата и правната држава“.

