Контакт

Македонија

О2 Коалиција: Купуваат ли време Уставниот суд и општина Карпош за инвеститорите на спорните ДУП-ови?

Објавено пред

Дали општината Карпош во последен момент се обидува да „им купи време“ на градежните инвеститори, поднесувајќи дописи со кои се очекува одложување на одлуката на Уставниот суд? Ако за старото раководство немавме дилеми, сега ни се отвора прашањето, за чии интереси работи новото раководство на Општина Карпош, на жителите или на инвеститорите? Дали Уставниот суд не одлучува по иницијативите од истите причини?, прашува О2 Коалицијата.

dobivaj vesti na viber

Тие денеска соопштија дека речиси пет месеци по финалното поднесување на граѓанските Иницијативи до Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план З 04, З 05, СЗ 19 (Влае 2) и повеќе од шест месеци за З 06, граѓаните на Општина Карпош сè уште ја очекуваат финалната одлука како потврда за почитување на процедурите и во корист на жителите на општината. Сите 4 иницијативи се повикуваат на еден ист податок, односно фактот дека општината Карпош, не ја објавила Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена за влијание на животната средина на својата официјална веб- страна, со што е повредена постапката за донесување на ДУП-от. Со необјавувањето, правото на жалба на овие одлуки било оневозможено.

Во сите одговори се наведува дека Иницијативата ја сметаат за неоснована, бидејќи Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена била истакната на огласната табла, а постапката запазена. Општината му предлага на Уставниот суд да ја отфрли граѓанската инцијатива. Тврдењата на општина Карпош се неточни и свесно се спинува одговорот без прецизно наведување дали одлуката била објавена на веб-страната на општината…

„Разочарувачки за нас граѓаните е што Општина Карпош под водство на новиот градоначалник, прво дозволува да се испратат неточни одговори од Секторот за урбанизам на 1 декември по однос на 3 Иницијативи за што одговорноста ја има Советот на Општина Карпош. Претседателот на овој Совет, Андреј Манолев, доставува покасно дополнителни одговори само за два предмета (З 04 и З 05) на 28 Декември, а дури месец дена покасно, два дена пред одржување на седницата на Уставен суд, за предмет (З 06) по кој треба да се одлучува на таа седница и кој е тргнат поради пристигнатиот одговор од Општина Карпош, согласно деловникот. Дополнителен одговор не е испратен за СЗ 19, Влае 2. Сето ова наведува на свесно манипулирање со податоците и времето кога одговорите се доставени или не од страна на општината, со цел да се пролонгира носењето на одлуки од страна на Уставниот суд и во меѓувреме градењето, издавањето на дозволи и сите други акти да продолжат непречено“. велат од О2 Коалицијата.

Сппред нив, освен Решението за ДУП З 06, Уставниот суд нема донесено решение за поведување на постапка за З 04, З 05 и СЗ 19, иако има добиено одговори од општина Карпош пред три и пол и пред два и пол месеци. Колку време е потребно да се утврди дека Одлуката за неспроведување на Стратегиска оцена за влијание на животната средина не била објавена на веб-страната на општината? Изминати се повеќе од месец и пол дена, но предметот за ДУП З 06 не е вратен за одлучување, иако во дописот од општина Карпош нема нови наоди. Можеби Уставниот суд е затрпан од предмети? Можеби работи дење-ноќе, но не постигнува? Ако погледнеме, Уставниот суд во 2017 донел 159 одлуки/решенија. Има 8 уставни судии, што би дошло по нецели 20 одлуки по судија годишно, помалку од 2 месечно! Уставниот суд во Црна Гора има 7 уставни судии кои во 2016 завршиле 1163 предмети, 166 предмети по судија годишно, односно скоро 14 месечно. Не е до затрпаноста и деноноќното работење“, велат од невладината организација.

Според нив, Уставниот суд нема рок по кој мора да одлучи по одреден предмет, може да ги чува во фиока неодредено време без никакви реперкусии. „Пролонгирањето на одлуките, особоено за З 04, делот помеѓу Вардар и Илинденска, носи тешко отстранливи последици со оглед дека се гради без пречка и дење и ноќе, па додека Уставниот суд донесе Решение за поведување на постапака, нема да има основа врз која би донел времена мерка за запирање на дејствија по овој ДУП. Можеби тоа е намерата?Го повикуваме претседателот на Уставниот суд да преземе одговорност, ја утврди причината за ваквото одоговлекување и побара одлучување по овие предмети веднаш“, се наведува во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Објавено пред

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.

dobivaj vesti na viber

Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.

Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.

Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.

-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почна седницата на Советот за безбедност во Вила Водно

Објавено пред

Почна седницата на Советот за безбедност што ја закажа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на која на дневен ред е безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на седницата присуствуваат членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.

Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.

Начинот на работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, начинот на остварување на правата и исполнувањето на должностите на членовите на Советот, свикување и одржување на седниците, спроведувањето на заземените ставови, поведените иницијативи и дадените мислења и предлози, информирањето за својата работа, како и други прашања во врска со организирањето и начинот на работа на Советот, се определени со Деловник за работа на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

Седниците на Советот се затворени. Во одредени случаи седниците можат да бидат и јавни за што одлучува претседателот на Советот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски разговарал со шеикот Бин Зајед и дал целосната поддршка кон Обединетите Арапски Емирати

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска телефонски се слушнал со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.

dobivaj vesti na viber

Муцунски ја истакнал целосната поддршка кон Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и изразил сочувство за жртвите од нападите.

„Министерот остро ги осуди нападите извршени од Иран врз Обединетите Арапски Емирати, оценувајќи ги како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет. Тој нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии, неопходни се воздржаност, одговорност и дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на стабилноста и мирот во регионот“, се вели во соопштението на МНР.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет40 минути

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет2 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет3 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет3 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет4 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет7 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија9 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет11 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет12 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет17 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет20 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет21 час

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет21 час

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет22 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет22 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет22 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија23 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет23 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет23 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...