Македонија
Павле Богоевски ја поднесе оставката до собраниските служби
Пратеникот Павле Богоевски денеска ја достави оставката до собраниските служби. Богоевски ја најави оставката на крајот на минатиот месец на седницата на Комисијата за деловничко-мандатно и имунитетни прашања пред отворањето на точката за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски.
Оставката следуваше по скандалот со аудиоснимката објавена на руската мрежа „Вконтакте“, а на која се тврдеше дека Богоевски е снимен како нарачува кокаин. Тој потврди дека тоа е неговиот глас, но рече дека не нарачувал кокаин, туку масло од канабис.
Богоевски најави дека ќе поднесе оставка откако ќе гласа за одземање на мандатот на Груевски.
Токму на дневен ред на денешната седница е гласањето за мандатот на Груевски. Седницата требаше да почне во 11 часот, но беше презакажана за 12:30 часот.
Претходно, Комисијата за мандатно-имунитетни прашања даде зелено светло за одземање на мандатот на Груевски, кој доби политички азил во Унгарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

