Македонија
Павле Трајанов достави иницијатива до Талат Џафери
Претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник, Павле Трајанов, достави иницијатива до претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Во иницијативата се вели дека во услови на третиот бран на пандемијата, како и појавата на нови соеви на коронавирусот со многу поизразени симптоми и потешки форми на зараза, поради инфицирани пратеници, нема кворум за одржување седници на Собранието, a поради блокадата со поднесување голем број амандмани, работата на парламентот станува сѐ посложена и потешка, при што пратениците и натаму се изложени на огромен ризик од инфекција. Досега над 30 пратеници биле заразени од вирусот.
Трјанов бара да се зголемат заштитните мерки во Собранието, особено во салата за пленарни седници и просториите каде што се одржуваат седници на комисиите. Тој предлага преку Собранискиот канал да се информираат пратениците кога започнува седницата, кога има пауза, до кога трае и кога продолжува со работа. Понатаму, во салата да бидат присутни, пред сѐ, пратениците што се јавиле за збор или имаат реплики, а другите текот на седниците да го следат од своите канцеларии.
„Да се донесе одлука без да се менува Деловникот за работа на Собранието, со која ќе се обезбеди/овозможи онлајн-работа. Одлуката да биде од привремен карактер до создавање услови за нормална работа на Собранието.
Да се измени Деловникот за работа на Собранието, со што амандманската расправа ќе се ограничи најмногу до 10 дена, освен за прашања поврзани со националните и стратешките интереси на РСМ.
Да се обезбедат безбедни здравствени услови за работа на ресторанот (за пратениците од внатрешноста), да се обезбеди сопствен возен парк и слчно сѐ со цел Собранието да може непречено да ја остварува својата уставна функција“, се вели во иницијативата на Трајанов.
Исто така, се предлага да се формира работна група составена од претставници од сите парламентарни групи и независни пратеници, која ќе направи анализа на функционирањето на Собранието и ќе предложи решенија.
Тој иницира да се подобрат условите за работа и функционалноста на Собранието, при што претседателот, кој е прв помеѓу еднаквите, во работата да го почитува Деловникот за работа на Собранието, да не се впушта во долги и непотребни елаборации и да има ист однос кон сите пратеници, заклучува Трајанов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како Мицкоски, велат од СДСМ
„ВМРО го вработилo, па така во „приватниот бизнис“ Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ, па советник на Груевски, па еве сега конечно се самовработи во приватниот бизнис – како премиер“, велат од СДСМ.
„Од таа позиција си купува луксузни авионски карти па дури сака и авион, со пари на граѓаните. Приватно гради хидроцентрали, приватно продава струја, туристички патува во Давос.
Луксузот го учел од најлуксузниот, Груевски, кој со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра. Приватно.
Убаво си вели ВМРО – сè е приватно. Приватни пријателства, ортаци за тендери. Сè е приватно. Позната одлика на десничарите – заштита на крупниот капитал. Приватен бизнис и часовници од 150 минимлани плати.
Затоа за граѓаните на Македонија нема покачување на платите, не работат „приватно“ како него. Увезуваат и „економски работници“. Сè е тоа бизнис. Приватно. За пари“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
„Обвинителството да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Сведоштвото на Жан Митрев јасно покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и со помош на злоупотреба на државните институции, закани и притисоци се обиделе да ја преземат болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле државата за да остварат лични и бизнис интереси. Преку Фондот за здравствено осигурување, тие систематски ја зголемувале сумата која болницата „Жан Митрев“ ја добивала од државата, за во периодот од 2017 до 2020 година таа да порасне за над 320 милиони денари, односно околу 5 милиони евра народни пари.
Од 360 милиони денари вредноста достигнува 682 милиони денари. Ова е доказ дека Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата по багателна цена и на тој начин државните пари на крај да завршат во џебовите на Филипче и Заев.
На Заев и Филипче во целокупното владеење единствена цел им биле сопствените интереси и енормно богатење на грбот на народот.
Во намерата за остварување на сопствените лукративни цели и бизнис интереси не се штеделе ниту тие ниту пак државата. Ги злоупотребиле институциите, ургирале во судството и обвинителството, го искористиле ФЗО, и ги злоупотребиле народните пари за приватни интереси.
ЈО да не молчи. ЈО да го истражи случајот. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)

