Контакт

Македонија

Павле Трајанов засега не знае како ќе гласа на седницата за избор на нови министри и заменици

Објавено пред

Се уште е под знак прашалник поддршката од лидерот и пратеник на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, за изборот на новите министри и замениците во Владата. Партијата нема изградено став за тоа како ќе делува за време на гласањето на седницата која треба да започне попладнево. Трајанов за „Макфакс“ вели дека одлуката ќе ја донесат партиските структури.

dobivaj vesti na viber

„Денеска попладне ќе имаме расправа во партијата, претседателство и централен совет, тогаш ќе го изградиме конечниот став. Засега нема ни да се гласа, далеку сме од гласање“, вели Трајанов.

Собраниската седница каде на дневен ред ќе се најдат предлозите за разрешување на членови на Владата, избор на нови, разрешување на замениците министри и именување на други, започнува попладнево. Ова доаѓа откако Алијанса за Албанците се приклучи во Владата, додека Алтернатива реши да излезе од Владата.

Македонија

„Вреди“: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Објавено пред

Koалицијата „Вреди“ тврди дека имало прекршувања во шестата изборна единица, аргументирајќи дека вчера со одлуката на Државната изборна комисија уште еднаш се докажало дека Европскиот фронт предводен од ДУИ нема капацитет и кредибилитет да спроведе демократски избори.

dobivaj vesti na viber

„Државната изборна комисија постапувајќи врз основа на приговорите на Коалицијата „Вреди“ поднесени за некои избирачки места во 6-та изборна единица, како и постапувајќи според одредбите од Изборниот законик, одлучи да ги отвори гласачките кутии за 7 избирачки места, при што во 4 од нив се констатирани неправилност и тоа: во избирачко место 2101, село Ларце, општина Желино, констатирано е дека во гласачката кутија има 1 глас повеќе во корист на Европскиот фронт од гласачите кои го искористиле своето право на глас, во избирачко место 0387 Гостивар и избирачко место 1953 Тетово имаше корекција на изборниот резултат бидејќи во овие избирачки места се пребројувале неважечките гласови и се броеле како гласови на Европскиот фронт, истакна портпаролот на Движење Беса, Фатмир Сабриу

Како што додаде, со 7 отворени гласачки кутии, во 4 биле откриени неправилности и кражба на гласови. Вели дека ДУИ ќе одговараат за злоупотребите и кршењето на законите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Првенства на Македонија во шах: за титулата кај мажите има повеќе кандидати, а шахистките на ШК „Алкалоид“ се издвоија во женска конкуренција

Објавено пред

На Отвореното првенство на Македонија во шах, кое започна викендов, вчера се одигра четвртото коло. И во него како и во претходните имаше помали изненадувања, со што на табелата се издвоија петмина играчи меѓу првите 10 носители како фаворити за конечен триумф.

dobivaj vesti na viber

Во согласност со правилата за парување според швајцарскиот систем, тие сега започнуваат со меѓусебните дуели и низ директни пресметки ќе го дадат конечниот изглед на табелата.

Она што е интересно да се одбележи е тоа дека речиси во секое коло имаше по некој сензационален резултат. Така, во првото коло младинецот на ШК Алкалоид Матеј Бојковски (1697) успеа да го изненади шестиот носител Антон Златков (2257) со ретко играна варијанта на сицилијанската одбрана, при што успешно ги искористи непрецизностите во играта на противникот, ја препозна шансата што му се укажа и со одлична техника ја финишираше партијата правејќи матна мрежа. Бојковски продолжи со одличната игра и во второто коло, каде што ремизираше со ФМ Љубомир Илиќ (2051).

Меѓу изненадувачките резултати од второто коло треба да се извојат блесоците на ветераните Атанас Ташевски (1955) и Лазо Спасовски (1770), кои во вчерашното четврто коло стигнаа да играат на првата, односно на третата табла. ИМ Емил Ристески (2365), со победата над Спасовски, стигна до максимални 4 бода, додека, пак, ИМ Тони Лазов (2358), по трите победи во низа во четвртото коло, ремизираше со ФМ Андреј Велјаноски (2290) и е веднаш зад него со 3,5 бода.

Шампионот од 2021 година Филип Михов (2225), исто така, има само половина поен помалку од лидерот, откако во третото коло ремизираше со вториот носител ИМ Никола Николовски (2381), а вчера го совлада Дејан Јанков (2165).

Во женска конкуренција се игра посебен турнир со учество на 10 шахистки, кои играат според Бергеровиот систем (секоја против секоја). Паровите беа одредени со ждреб за стартни броеви, па така дел од фаворитките за висок пласман се сретнаа уште во првите рунди.

Во првото коло Жежовска (1868) го доби мечот со Николовска (1905), додека, пак, во второто коло ремизираше со ЖИМ Габриела Коскоска (1993). Во третото коло Леа Ефтовска (1797) ја совлада Жежовска, па на тој начин внесе неизвесност во борбата за првите позиции. Откако по три кола водечка беше Инџи Ајрадиновска (1809), Леа Ефтовска во четвртото коло ја совлада во директен дуел и го презеде врвот со 3,5 бода. Сепак, идентичен скор има и ЖИМ Габриела Коскоска, која во вчерашното четврто коло имаше лесна победа над младата Смилевска, па така двете дами од ШК Алкалоид се на водечките позиции.

На двата турнира се предвидени по 9 кола, односно со партиите од петтото коло, кои се играат во вторник, турнирите влегуваат во втората половина. До крајот ќе се игра по една партија на ден со почеток во 17:30 часот, а прогласувањето на новите шампиони ќе биде на 18 мај.

ПР

Прикажи повеќе...

Македонија

Метеоролозите најавуваат поројни дождови попладнево и нестабилно време до четврток

Објавено пред

Попладнево ќе има поројни дождови и грмежи во државата.

dobivaj vesti na viber

Според прогнозирањето на метеоролозијте, се очекува да паднат над 15 литри дожд на квадратен метар. Локално, како што најавува УХМР, дождовите ќе  бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.

До четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град краткотрајно во форма на невреме. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од недела повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

„Вреди“: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Koалицијата „Вреди“ тврди дека имало прекршувања во шестата изборна единица, аргументирајќи дека вчера со одлуката на Државната изборна комисија уште...

Топ2 часа

Почина седумесечно бебе во специјалната болница во Охрид: му бил извршен хируршки зафат, a ден пред тоа било донесено со хематом на главата

Денеска, во раните утрински часови, во СВР Охрид било пријавено дека во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен...

Топ2 часа

Автомобили се судрија во Чаир, настрада пешак – жената што се нашла на улицата тешко повредена

Вчера, на улицата Ферид Бајрам во скоската населба Чаир, се судрија два автомобила, при што удрена е и жена пешак. Од...

Македонија3 часа

Грчкиот министер за надворешни работи: Грција не моли, бараме спроведување на договорот од Преспа

Зборувајќи за прашањето за односите меѓу Грција и Северна Македонија, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис во разговор за ЕРТ...

Свет5 часа

Бајден потпиша закон: забранет увозот на збогатен ураниум од Русија

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој се забранува увоз на збогатен ураниум или нуклеарно гориво за производство на...

Македонија5 часа

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев за најновите политички случувања во...

Свет5 часа

Нов напад на Белгород; Русите: Уништени се куќи, има загинати

Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни...

Свет5 часа

САД и Австралија претставија огромни подводни дронови: „Ова е иднината на војувањето“

Ghost Shark и Manta Ray се имињата на прототипите на беспилотни подводни возила, UUV или беспилотни летала, неодамна претставени од...

Македонија18 часа

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија19 часа

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ20 часа

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија23 часа

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија24 часа

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија1 ден

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет1 ден

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија1 ден

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија1 ден

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија1 ден

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет1 ден

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет1 ден

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...