Македонија
„Палчо не киднапира и убива деца и старци“: партијата „Десна“ објави наводно писмо од Палевски
Партијата „Десна“ објави наводно писмо за кое се тврди дека е напишано од Љупчо Палевски-Палчо првоосомничен за организација и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Во писмото објавено на Фејсбук страницата на партијата, меѓу другото се тврди дека тој не е одговорен за злосторствата кои му се ставаат на товар.
„Денес е 80 ден како сум во екстрадикциски притвор, со посебен интерес, а тоа значи самица, скоро 3 месеци без контакт со човечки суштества.
Комшиите ги гледам исклучиво додека шетаат во бетонска дупка од 50тина м2 помеѓу два блока ќелии, но повторно низ решетки.
Некако успеав да обезбедам адвокат, не оној по службена должност, туку професионалец кој си ја знае работата.
Адвокатот ми презентираше неколку одпринтани прес-конференции и интервјуа на министерот Спасовски и потрчкото, Министерот за Правда Кренар Лога.
Бев шокиран од купиштата на лаги и манипулации од страна на Спасовски кои лесно се докажуваат.
Атмосферата на јавен линч која ја произведе министерот Спасовски има неколкукратна политичка корист, токму за него како голем политички аутист од Куманово.
Но, пред да ги презентирам лагите на Спасовски сакам да изразам длабоко сочувсто за смртта на Вања и Панче, посебно за таткото на Вања, кој во моментот кога го загуби детето, монструмите го осомничија дека тој бил во контакт со мене и давал информации.
Токму овој пример е одлична илустрација за умот на Спасовски и неговите истражители, но за тоа детално ќе објаснам подолу.
Прво и основно, Палчо не бегал од МК, туку регуларно патувал за Белград (четврток), а во петокот после 18 часот за Турција, со регуларна патна исправа, на регуларен начин, со патничко возило.
Информацијата, дека полицијата ме бара кај брат ми, а не во Центар, каде после два дена правеа претрес ја добив одкако пристигнав во Турција.
Тоа значи дека лицето Димковски Стефан, не е шофер господине Спасовски, туку добар другар, партиски член и успешен бизнисмен со хемиски суплементи во земјоделието.
Бруталноста на Спасовски оди до таму што Стефан исто така е притворен неколку месеци, иако во моментот додека ме возеше кон Турција не постоеше потерница или пак контакт од органите на прогонот.
Дента, мислам дека е 3. или 4. Декември, се едно, по дознавањето дека се прави претрес кај мене дома и во партијата Десна, во истиот момент Стефан замина за МК за да не направи кривично дело, но за бадијала, бруталниов политички аутист Спасовски го држи во притвор не дирекно, нормално преку послушниот Гаврил Бубевски. Морам да објаснам бидејќи овие типови ја мешаа тривијалноста со генијалноста, така се програмирани“, стои напишано во наводното писмо.
Тој вели дека не е уапсен на автопат, туку во ресторан.
„Тој ден, 5 декември, по втор пат дојдов за да вечерам и да се појави полицијата за да ме упаси. Тоа беше мојот последен контакт со интернет каде видов една одвратна изјава на Александар Николоски. Келнерката беше полицаец од оделот на Интерпол на Баликесир. Чудно беше што 7-8 полицајци се уредно снимаа со мобилни телефони“.
„Додека ја чекам судската постапка, далеку од Македонија, ве поздравувам и ќе повторам, Палчо не киднапира, убива деца и старци, тоа треба аутистот (Оливер Спасовски, н.з.) да го запомни“, се наведува во напишаното.
Палевски посочува дека сакал да биде екстрадиран во Македонија што е можно побрзо за на суд да можел да докаже дека е невин.
Инаку малолетната Вања и велешанецот Панче беа пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември. Заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, денеска изјави дека очекува Љупчо Палевски од Турција да биде екстрадиран веднаш по завршување на административните процедури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

