Македонија
Панел-дискусија: Со гарантирано средношколско организирање, секој ученик ќе придонесе
Денеска во „Јавна соба“ – Центар за дизајн и иновации се одржа панел-дискусија за ново средношколско организирање во учебната 2018/2019 година на која дискутираа средношколци, наставници, институции и организации.
Настанот беше организиран од страна на Младински образовен форум, а во партнерство со Коалиција на младински организации СЕГА и Првата детска амбасада во светот Меѓаши во рамки на проектот „Имплементација на конвенцијата на правата на детето“, поддржано од Фондација „Песталоци“.
Како говорници учествуваа Петар Атанасов – претседател на Комисијата за образование, наука и спорт при Собранието, Ана Попризова – психолог при „СУГС Орце Николов“, Вероника Станоевска – претседателка на средношколската заедница при„СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ и Гораст Орданоски – претседател на средношколската заедница при СУГС „Георги Димитров“.
„Учениците треба да бидат во центарот на образовниот систем“, изјави Петар Атанасов. Тој зборуваше дека има подготвеност од страна на институциите да има законско решение за ученичкото организирање.
Како дел од искуствата со средношколските заедници, ученичката Вероника Станоевска зборуваше дека мора да има добар процес за избор на претседател, но и средношколските заедници да имаат ресурси да можат да работат.
Психологот Ана Попризова напомена дека проблемите во образовниот систем ги живеат сите – и наставниците и учениците.
„Кога учениците имаат коментари за квалитетот на наставата, работата на наставниците или наставните програми, ние треба да бидеме подготвени да одговориме квалитетно“, кажа таа.
Гораст Орданоски како претседател на средношколската заедница при СУГС „Георги Димитров“ ја претстави средношколската заедница на ова училиште. Тој рече „Ако се официјализира вакво тело, би имале шанса сите средношколци да придонесат за своето училиште“.
Целта на овој настан беше да се изнесат искуствата од средношколските заедници, какви се тие, колку често се состануваат, какви активности спроведуваат и за кои одлуки можат да одлучуваат самите тие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Први податоци од гласањето: Орце Ѓорѓиевски има 53.171 гласови, Амар Мециновиќ 27.294
Според податоците објавени на страната на Државната изборна комисија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски досега има 53.171 гласови, а кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, 27.294.

Македонија
(Видео) Манасиевски: Заедно со народот до уште една историска победа, изборниот процес помина мирно и демократски
„На крајот од овој значаен изборен ден, можеме со гордост да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство и демократска свест. Денес, нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори кои се гордост за секој наш граѓанин“, кажа Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој упати огромна благодарност на сите граѓани кои излегоа на гласање и ја покажаа својата одлучност и доверба.
„Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. Тоа е доказ дека Македонија знае да спроведе демократски избори по највисоки стандарди.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ очекуваме одличен изборен резултат. Во првиот круг граѓаните го направија вистинскиот избор, а сега во вториот, очекуваме разликата да се зголеми во наш прилог. Очекуваме голема победа!
Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати, решенија и нова енергија. Ние таа доверба нема да ја изневериме. Од утре, продолжуваме со работа, со уште поголема посветеност и одговорност.
Во текот на вечерта, на следните прес-конференции ќе почнеме и со објавување на првите неофицијални резултати од гласањето“, извести Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата.
Македонија
Обвинителство: Доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче
Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи.
Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до јавното обвинителство во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Итно се дадени насоки за документирање на настанот кој претставува прекршок, извести Обвинителството.
И покрај мирниот изборен ден, Комисијата на Јавното обвинителство останува активна до целосно завршување на изборниот процес, а сите што евентуално имаат сомненија за кривично дело поврзано со изборниот процес тоа можат да го направат во сите јавни обвинителства во државава или на посебната електронска адреса [email protected]
По сите пријави за кривични дела поврзани со изборите јавните обвинителства постапуваат со приоритет, соопшти Обвинителството.

