Македонија
Панова: Ковачевски продолжи со практиката на трас-трас судството
„Лажни се зборовите на СДСМ и ДУИ за борба со корупцијата сè додека избираат судии, обвинители и први луѓе на институциите по партиски клуч. Ковачевски продолжи со практиката на трас-трас судството кое исклучиво служи за гонење неистомисленици. Македонија нема напредок, напротив назадува со корупцијата и со криминалот и тоа го констатираат сите, и дома и меѓународните пријатели“, изјави денеска на прес-конференција Ели Панова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа напомена дека „Весна Дамева како член на СДС и член на партиската комисија на СДС, од стручна соработничка без искуство во судење, ја направија член на Судски Совет, а сега и негов претседател!“.
„Срамно и девастирачки се продолжува со партизацијата на судско-обвинителскиот систем, а имаат и причина за тоа. СДС кое е заглавено во криминал и корупција, којашто секојдневно ја тресат коруптивни скандали тешки милиони евра, сега мислат дека тоа е единственото коешто ќе ги спаси! Македонија тоне во кризи, сиромаштија и мизерија, причина за тоа е криминалот и корупцијата на власта предводена од СДС и ДУИ, а Ковачевски мисли само на едно, како неказнето да се спаси од правдата“, нагласи Панова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

