Македонија
Панова: Од ДУИ избегаа Беса, Алтернативата, затвореници и млади

Продолжува собранискиот маратон за реконструкција на Кабинетот на Димитар Ковачевски. Сè уште е далеку расправата за новите министри, кои доаѓаат од новиот владин коалициски партнер, партијата на Таравари. Дебатата за разрешување на министрите и заменик-министрите од Алтернатива сè уште е на почеток.
Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ, реплицирајќи му на Фадиљ Зејнели за разрешувањето на досегашниот министер за здравство, побара премиерот Ковачевски да биде присутен во салата.
„Оваа нова Влада нема желба бргу да бидат разрешени министрите и заменик-министрите. Некои бројки не ви се совпаѓаат. Беса избега, Алтернативата избега, а и Павле Трајанов избега, бегаат и затвореници, бегаат и младите. Сите бегаат од ДУИ“, рече Панова.
Таа забележа дека пратениците од ДУИ не се во салата и не го испочитувале премиерот.
Ова е трет ден расправа по оваа точка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денес температура до 25 степени, вечерва пороен дожд и грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди, прогнозираат за денес од Управата за хидрометеорологија. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има умерен развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.
Македонија
Денес без струја делови од Кисела Вода

ЕВН Македонија извести дека денес 11.05.2025 година ( недела ) без електрична енергија ќе останат неколку делови од општина Кисела Вода.
Во периодот од 08:00 до 14:00 часот без стрја ќе бидат корисниците од Киро Фетах, улица Драчево, улица Герника. околината на Амигос сокара и Драчвски патак.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот нема да имаат струја корисниците од улицата Борис Трајковски 7 компаниите Ѓоко Мицевски ДООЕЛ и Јогомеркур.
Прекините се поради изведување технички зафати во електродистрибутивната мрежа,
Македонија
Работна посета на министерот Муцунски на Кралството Шведска

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во наредните два дена ќе престојува во работна посета на Кралството Шведска, на покана на шведската министерка за надворешни работи, Мариа Малмер Стенергард.
Во рамки на посетата, покрај билатералната средба со министерката Стенергард, предвидено е министерот Муцунски да оствари средби и со министерката за европски прашања, Џесика Розенкранц, како и со државниот секретар за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија, Хакан Јеврел.
Во шведскиот Парламент – Риксдаг, министерот ќе се сретне со Шерштин Лундгрен, трет заменик-претседател на Риксдагот. На средбата ќе присуствуваат и високи претставници и членови на парламентарните комисии за надворешни работи и европски прашања, како и членови на Групата за пријателство и соработка со Собранието на Република Северна Македонија.
Во рамки на престојот, министерот Муцунски ќе оствари средби и со претставници на македонската дијаспора, како и посета на црквата „Св. Наум Охридски“ во Малме.
Целта на посетата е интензивирање на севкупните билатерални односи преку зајакнување на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји. Во фокус на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, реафирмирањето на шведската поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања.