Контакт

Македонија

Папазов бил должен да знае дека фирмата немала лиценца и не исполнува услови за таа дејност, министерството за економија не издало лиценца, велат од ДУИ

Објавено пред

Катастрофалната трагедија во Кочани, во која загинаа голем број наши сограѓани, покрена многу прашања за безбедноста, контролата и функционирањето на институциите, особено за оние кои согласно закон знаеле и биле должни да знаат што се случува, велат од ДУИ.

dobivaj vesti na viber

„Кочани е општина со 31.602 жители, 12 илјади домаќинства и само 2 места кои работат дејност ноќен клуб односно кабаре. Во ова населено место сограѓаните меѓусебно се познаваат, но и многу добро локалното население ги познава приликите во самата општина.

Градоначалникот Љупчо Папазов кој 3 години ја владее со општина Кочани знаел и бил должен да знае дека фирмата ММММ Кафе Дооел Кочани нема лиценца и не исполнува услови да ја врши таа дејност во неговото населено место.

На објектот каде се вршела дејност во март 2024 година Министерството за економија не дозволила да се издаде лиценца.

За прашањата дали во 2012 година биле направени сите потребни проверки и дали било утврдено дека просторот ги исполнува стандардите за противпожарна заштита, безбедносни излези и капацитет за евакуација, одговорот е едноставен. Во 2012 година односно пред 13 години објектот и да ги исполнувал минимално техничките услови да врши некаква дејност, тој во 2024 година не ги исполнувал условите да врши дејност кабаре односно ноќен клуб!

Затоа клучно е кои институции, кои функционери и со чија одлука е дозволено во 2024 и 2025 година без лиценца дека смее да обавува дејност ноќен клуб односно кабаре и овој објект да функционира“.

Сметаат дека на јавноста и е јасно кој апсолутно владее во изминатата година во Македонија, во чие време се случи оваа трагедоја, кој дозволил да се случи и чија е одговорноста за случувањето на оваа трагедија.

„Согласно Правилникот за исполнување на минимално – техничките услови, правното лице Пријавата за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на трговија и започнување со работа на продажен или друг деловен објект ја доставува до надлежниот орган на општината Кочани кој е надлежен и должен да врши контрола.

Пријава за исполнување на минимално-техничките услови правното лице ја доставува и до Државниот пазарен инспекторат во Кочани, кој е надлежен и должен да врши контрола.

Согласно правилникот за исолнување на минимално техничките услови за вршење на угостителска дејност во член 9 е утврдено дека објектите е неопходно да ги исполнуваат условите односно со барањето за донесување решение за издавање лиценца за кабаре да достават решение од Централен регистар, уплатен надоместок до општината Кочани, пријавата за исполнување на минимално-техничките услови за вршење на дејсност доставена до ДПИ и до општината Кочани, како и согласност од МВР дека се исполнети условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедност во сообраќајот.

Министерството за економија, токму поради фактот дека не биле исполнети условите за издавање лиценца и не била доставена потребната документација не издал лиценца.
Тврдењата дека од министерството за економија некој издал лажна лиценца се целосна конструкција, ако некој поточно државниот секретар земал пари да издаде лиценца, истата ќе ја издал и ќе била евидентирана во Министерството, но и во регистарот на лиценци кој постојано месечно се апдејтира со најнови податоци, а таква лиценца не е евидентирана бидејќи не е издадена.

Ако некој фалсификувал документ надвор од институцијата, одговорноста е на поединецот или групата кои го сториле истото.

Во обид да ги спасат своите кадри од одговорност која мора да ја има, а првенствено Градначалникот на општина Кочани и надлежните во Министерството за внатрешни работи Кочани, кои секојдневно биле во објектот каде се случи трагичниот настан, Владата на ВМРО ДПМНЕ со конструкции се обидува гневот да го насочи кон барање одговорност каде што ја нема!

Вистината за одговорноста е следна
1. Несреќата се случи во време кога на власт е ВМРО ДПМНЕ со целосна контрола над сите институции и во централна и во локална односно општинска власт во Кочани, има Градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО и началник на МВР Кочани на предлог на Градоначалникот
2. Министерството за Економија во 2024 година токму опради неисполнување на услови ниту дал одобрение, ниту административните служби во Министерството за економија издале лиценца за ова кабаре односно ноќен клуб за работа. Овој факт се обидува некој да го дефокусира со наводен фалсификат кој не се знае дали постои, кој го направил, а можно е да е креиран токму за цел да се избегне одговорност за оние кои се власт 3 години, а дозволиле цела година без лиценца илјадници настани да се одвиваат во објектот каде се случи кобниот настан.
3. ВМРО ДПМНЕ не се на власт 1 месец туку се на власт скоро 1 година. Во таа година целосно го реформираа Министерството за економија и го трансформираа во Министерство за економија и труд. Во тоа време морале да водат сметка за што се случува со објектите и да контролираат преку своите институции дека таму нема услови и токму затоа нема лиценца издадено.
4. Градоначалникот на Кочани Папазов не само што била должен да знае туку и бил должен да врши секојдневно контрола над рабоењето на објектите под своја надлежност. Во Кочани како општина со 31.602 жители, и само 2 места кои работат дејност ноќен клуб односно кабаре, Папазов и надлежните од општината знаеле и биле должни да знаат дека фирмата ММММ Кафе Дооел Кочани нема лиценца и не исполнува услови.

Ова е трагедија од невидени размери, каде животот го загубија голем број млади луѓе. Одговорност мора да има, а во случајов ноторен факт е дека во март 2024 година Министерот за економија Крешник Бектеши не дозволил да се издаде лиценца за тој објект, бидејки објектот не исполнувал услови, лиценца нема во регистарот на Министерството ниту администрацијата изготвила таква лиценца во 2024 година, а зошто објектот до март 2025 година работел без лиценца одговорот треба да се побара на местото каде мора да се бара и добие одговорност за оваа трагедија“.

Најавуваат дека во текот на следните денови ќе излезат со целосна документација и докази за тоа кој, како и на кој начин дозволил да се случи оваа грозоморна трагедија и ќе поднесат пријава до Јавното обвинителство за покренување постапка за кривична одговорност за надлежните лица и институции, бидејќи одговорност како што велат, мора да има и оваа трагедија не смее да се дозволи да се повтори никогаш повеќе.

Македонија

Општина Бутел започна изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во Скопје Север

Објавено пред

Општина Бутел денеска (23 февруари 2026) започна активности за изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север.

dobivaj vesti na viber

Градежните работи опфаќаат реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“.

Од општината информираат дека новите пешачки патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе придонесат за спречување на поплавување на влезовите на зградите.

Реализацијата на проектот, како што наведуваат, претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот за еднаков и рамномерен развој на сите населени места во општината.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации

Објавено пред

На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија.

dobivaj vesti na viber

На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните противпожарни друштва (ДПД), нивната улога во системот за заштита и спасување и на потребата од усогласување на законската рамка со реалните теренски потреби и со европските практики.

Притоа, Ангелов, заедно со тим од ДЗС и од претставници на ДПД, ја истакна важноста од заштита, унапредување и институционално препознавање на доброволниот сектор, како клучен партнер во справувањето со кризи, пожари и природни непогоди. Соработката помеѓу институциите и доброволниот сектор е еден од темелите за ефикасен и функционален систем за заштита и спасување во Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Објавено пред

Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска биле примени дојави за поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави.

dobivaj vesti na viber

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по добивањето на пријавите биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници.

„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштија од МВР.

Во Тетово дојавите ги опфатиле средните училишта СОУ „Никола Штејн“, СОУ Гимназија „7 Март“, СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и СОУ „8 Септември“.

Кај основните училишта биле опфатени ООУ „Истикбал“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Братство-Мигени“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Беса“ и ООУ „Прпарими“.

Надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија3 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија3 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија3 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија4 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион5 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет6 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија6 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа6 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет7 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет7 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет8 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет8 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа8 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет19 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет21 час

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет24 часа

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет1 ден

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет1 ден

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет1 ден

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...