Македонија
Папата доби признание од Иванов и од Школата за млади лидери
Денес, претседателот на Република Македонија (2009-2019), д-р Ѓорге Иванов, присуствуваше на генералната аудиенција на папата Франциско, која се одржа на плоштадот Св. Петар во Ватикан.
Повод за посетата на Ватикан и присуството на аудиенцијата е врачувањето на признанието „Морален лидер на денешнината“ на Неговата Светост, папата Франциско, од страна на Школата за млади лидери на претседателот Иванов.
Минатата година, за време на 13. Школа за млади лидери на претседателот Иванов, која се одржа во периодот 16-30.9.2022 година на тема „Морално лидерство“, Школата за млади лидери одлучи да му додели признание на Неговата Светост, папата Франциско, за морален лидер на денешнината.
По завршувањето на 13. Школа за млади лидери, на иницијатива на Католичката црква во Република Македонија се договори присуство на генералната аудиенција на папата Франциско на 29 март 2023 година и врачување на признанието лично од претседателот Иванов на Неговата Светост.
Папата Франциско му се заблагодари на претседателот Иванов за признанието и истакна дека сè уште му се свежи импресиите и срдечниот прием при посетата на Македонија, на која домаќин беше токму Иванов. Воедно, папата Франциско упати поздрави до Македонија и македонскиот народ.
Во придружба на претседателот Иванов и неговиот Кабинет, бискупот Киро Стојанов од Католичката црква во Република Македонија, присуствуваа и претставници на „Алумни асоцијацијата“ на Школата ИСЛАА, како и пријатели и поддржувачи на Школата за млади лидери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

