Македонија
Папата ќе служи миса на плоштадот Македонија

Владата ја објави агендата на папата Франциско, кој ќе престојува во земјава на 7 мај. По официјалниот прием, Неговата Светост, папата Франциско, ќе има средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и со претседателот на Владата, Зоран Заев, по што ќе се обрати до властите, граѓанското општество и дипломатскиот кор.
Според агендата, предвидено е Светиот Отец да ја посети спомен-куќата на Мајка Тереза во присуство на верските лидери, а подоцна да се сретне и со сиромашните.
Во програмата за апостолското патување на папата Франциско во Северна Македонија, предвидено е Светиот Отец да служи миса на плоштадот Македонија и да присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади луѓе во Пастирскиот центар.
Светиот Отец ќе одржи и средба со свештениците и нивните семејства во катедралата, по што ќе се врати во Рим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Срамота е СДС да прави прес-конференции со измислени материјали

Срамота е СДС да прави прес-конференции со измислени материјали. Пораките за кои СДС зборува се тотална измислица и фабрикација на нивната кујна за лаги и манипулации, велат од ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на СДСМ.
„Лагите и манипулациите се најсилното оружје на СДС, таму најдобро се снаоѓаат во недостаток на конкретни политики.
Да се излезе со фабрикувана порака на убиената Росица, со тврдење дека е вистинита е повеќе од лага, тоа е злоупотреба на смрт на една млада девојка во политички цели, што е надвор од сите морални основи и некрофилство од невидени размери.
До каде ќе оди умноболието на СДС“.
Македонија
Јаневска: Вложувањето во науката отсега ќе биде континуиран процес, а не еднократна акција

Министерството за образование и наука има јасна определба за поддршка на научната дејност и за нејзина стратегиска улога во општеството. И, кога говорам за поддршка, не мислам на еднократна акција, туку на континуиран процес со јасна визија и одржливи политики кои ќе изградат стимулативна средина што ќе ги охрабри домашните истражувачи да останат во науката, да се поврзуваат меѓународно и да генерираат знаење што ќе има корист за целокупното општество.
Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска на одбележувањето на 60 години од основањето на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
– Овој Институт е меѓу првите високообразовни и научни институции што го трасираа патот на општествените науки во Македонија и сметам дека е важен центар на научната мисла и научното истражување во Македонија, чија работа ќе продолжиме да ја поддржуваме, рече Јаневска, напоменувајќи дека по подолг период, Министерството за образование и наука повторно додели финансиски средства за поддршка на научноистражувачки проекти на државните универзитети и факултети, научни институти и МАНУ, а еден од 15-те проекти од општествените и хуманистичките науки е предложен од истражувачки тим на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.
Јаневска се осврна и на новиот Закон за научноистражувачка дејност и на новиот Закон за високото образование кои се веќе во напредна фаза на подготовка и ќе претставуваат клучни алатки за остварување на развојот во научната сфера од повеќе аспекти.
– Во меѓувреме, Министерството за образование и наука ќе остане отворено за дијалог и партнерство со академската заедница како активен соработник во креирањето политики што ќе овозможат вистински општествен напредок, додаде Јаневска.
Македонија
(Видео) Андоновска: Здружението на судии и обвинители се многу гласни, за некој што нема сработено ништо

Здружението на судии и обвинители се многу гласни, за некој што не само што нема сработено ништо, туку има допринесено за нарушување на довербата на граѓаните, истакна на прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што нагласи, остатоците на СДС и ДУИ во судството и обвинителството, се тие кои се спогодија за човекот на Заев, Наке Ѓоргиев, врховен судија и претседател на Судски совет, и Иџет Мемети, јавен обвинител и заменик претседател на Советот на јавни обвинители за местење и влијание при судска пресуда.
„И Наке Ѓоргиев и Иџет Мемети признаа дека земале 10.000 евра за да влијаат на судска пресуда и влијаеле, и тоа едниот се спогоди со ЈО, а другиот доби само условна осуда.
Корумпираното обвинителство и судство не се заинтересира, ниту отвори постапка врз судиите и обвинителите врз кои Наке Ѓоргиев и Иџет Мемети влијаеле.
Да не беше вниманието на јавноста вперено во овој случај, можеби и за невини ќе беа прогласени – толку од ова судство“.
Прашува каде се и кои се луѓето кои под притисок или влијание на Наке Ѓоргиев и Иџет Мемети досудиле поблага казна.
Тие, како што вели, уште судат и правоораздаваат.
„Тие се истите луѓе врз кои СДС и ДУИ и денес имаат влијание и со помош на кои ја избегнува правдата.
Ако Судскиот и ЈО Совет сакаат правда, еве нека почнат со постапка против судиите и ЈО кои биле под влијание на Наке Ѓоргиев и Иџет Мемети и работеле под нивен диктат, а со тоа извршиле кривично дело. Тие не треба да бидат судии. Очекуваме брзи и ефикасни одлуки, а не памфлети и вазалство кон СДС и ДУИ, тоа нема никаде да ги однесе“.