Македонија
Парична казна за охриѓанка, не ја почитувала мерката за домашна изолација
Парична казна од 2.000 евра бара обвинителството за охриѓанка која ја прекршила мерката за задолжителна домашна изолација.
Основното јавно обвинителство Охрид поднесе предлог за издавање казнен налог против 45-годишна охриѓанка, која не постапила според решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со кое ѝ била определена задолжителна домашна изолација со датум на започнување од 15 мај.
При проверка од надлежните органи, на 17 мај, обвинетата не била затекната во домот.
„Обвинетата со своите дејствија го извршила кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. За стореното, обвинителството му предложи на судот на обвинетата да ѝ изрече парична казна од 100 дневни глоби, со определување на секоја дневна глоба во износ од по 20 евра во денарска противвредност“, соопшти обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Кожувчанка“ го започнува големиот „Еко авантура“ караван во предучилишните установи низ целата држава
Компанијата „Кожувчанка“, препознатлива по својата долгорочна посветеност на квалитетот, заедницата и општествената одговорност, го најавува почетокот на големиот „Еко авантура“ караван – едукативен проект наменет за најмладите.
Караванот ќе започне во Скопје, со посети на предучилишните установи во сите општини, а потоа ќе продолжи и низ целата држава. Преку оваа иницијатива, „Кожувчанка“ ја демонстрира својата континуирана грижа за заедницата, вложувајќи во образованието на децата и во развојот на свеста за важни општествени и еколошки вредности.
Во рамките на караванот, децата ќе имаат можност да ја проследат детската театарска претстава „Еко авантура“, во изведба на Продукција Триангл. Претставата на забавен и интерактивен начин ја пренесува пораката за зачувување на животната средина, вредноста на рециклирањето и важноста од редовна консумација на вода.
Преку игра, музика и учество, најмладите ќе научат како секој поединец може да придонесе за почиста и поздрава планета.
Со овој проект и преку својата вода Изворска Јуниор во ЕКО амбалажа, „Кожувчанка“ уште еднаш го потврдува својот статус на општествено одговорна компанија која вложува во иднината, во децата, во нивното образование и во одржливиот развој.
(ПР)
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Ѓорче Петров
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 14.30 часот, корисниците на обејкт на Меркур Македонија. (општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на дел од улицата Радушка (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.

