Македонија
„Паркирај совесно“- проект за поголема безбедност во сообраќајот
Сообраќајната едукација и континуираното информирање – особено на младите, кои се и идни возачи, е една од суштинските алки во системот на превентивно дејствување за поголема безбедност во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи преку одделенијата за превенција, како и преку организациските единици надлежни за спроведување на сообраќајните прописи, е постојано инволвирано во разновидни проекти и кампањи, при што особена важност се посветува на работата со младите, рече министерот Оливер Спасовски на денешната промоција на проектот „Паркирај совесно“, кој се спроведува во соработка на МВР, Град Скопје и Општина Центар.
„Овој проект, всушност, е еден од многуте проекти што се реализираат од страна на сообраќајната полиција и одделенијата за превенција. Во тесна соработка со локалните заедници, со училиштата, со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, но и со други институции што на еден или друг начин имаат надлежност во сферата на сообраќајот, полицијата постојано и максимално посветено работи на полето на подигање на нивото на сообраќајната култура“, рече Спасовски.
Покрај проектите во делот на превенцијата, полицијата изминатава година драстично ги интензивира своите активности и во делот на своите надлежности по однос на откривање и санкционирање на сообраќајните прекршоци. Во текот на минатата 2018 година на подрачјето на главниот град беа откриени над 26.000 прекршоци по основа на непрописно паркирање.
Решавањето на проблемот со непрописно паркираните возила е особено важно за да се зголеми безбедноста на пешаците и велосипедистите, чии простори за движење се узурпирани од непрописно паркирани возила. И овој проект е пример како со заеднички ангажман на институциите може да се работи на решавање на проблемите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

