Македонија
„Паркови“ го демантира ЛДП: Нерасчистените локации што ги посочуваат се надлежност на Кисела Вода, останатите ги одржуваме
По реакциите на ЛДП за неискосената трева и оставените искршени дрвја и гранки низ Скопје, Јавното претпријатие „Паркови зеленило“ ги демантира тврдењата и укажува дека не се надлежни за зеленилото по населбите и меѓу блоковите, а останатото тврдат дека редовно го одржуваат.
„Очигледно ЛДП не била упатена за ингеренциите на нашето претпријатие и не знаеле дека посочената локација што може да се види од фотографите е под надлежност на Општина Кисела Вода. Во врска со останатото зеленило под наша надлежност нашите екипи редовно го одржуваат. Според планот за работа ги косиме тревните површини како би ја одржале оптималната висина , собираме откос, хартија и отпадоци и истата маса ја товариме и изнесуваме. Вршиме и полевање на тревата во доцните вечерни часови за да се избегне испарување на водата поради високите температури во текот на денот“, велат од „Паркови и зеленило“.
Одржувањето и уредувањето на зеленилото објаснуваат дека го спроведуваат според Годишната програма за работа, а за расчистување на теренот по невремето формирале мобилни екипи кои веднаш излегле на терен со расположливата механизација и продолжуваат да работат се до целосно расчистување на зеленилото во нивна надлежност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

