Контакт

Македонија

Партиски кавги: според опозицијата здравството е „на апарати“, власта вели дека го модернизира

Објавено пред

Власта и опозицијата продолжуваат со партиските препукувања. Утринава во нивниот фокус е здравството.

dobivaj vesti na viber

Од СДСМ велат дека постојано вложуваат во унапредување и модернизација на здравството во државата, со капитални инвестиции и повисоки плати за здравствените работици, за обезбедување на подобри услови и услуги за лекување на граѓаните.

Скопската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, е модернизирана со набавка на нови апарати, во вредност од 1 милион евра, обезбедени од Владата предводена од СДСМ. Набавен е нов современ апарат за литотрипсија, нов апарат за мамографија со томосинтеза, и лапароскопски столб за изведување на минимално инвазивни хируршки процедури, кој веќе е ставен во функција во оваа Клиника. На Клиниката за ортопедија е пуштена во употреба комплетно реновираната современа хируршка сала, со што се заокружува еден процес кој значи осовременување капацитетите за лекување, интервенции и закрепнување на пациентите. Со инвестиција од 15.000.000 денари, средства обезбедени од Фондот за здравствено осигурување и од донации, се овозможува Клиниката да има зголемен број на операции за 20% на годишно ниво а со новата опрема за пациентите се обезбедува современа и комплетна грижа. Новата Клиника во Козле, од институт за белодробни заболувања прерасна во клиника каде се овозможува и специјалистичка нега на терцијално ниво. Набавени се голем број на нови апаратури во клиниката за гастроентерохепатологија со комплетно реновиран нов оддел, потоа одделот ендокринологија, Клиниката за токсикологија, како и Одделот за педијатрија во Општа Болница Гостивар. Граѓаните од Сарај за прв пат по 50 години добија модерен поликлинички центар, вреден 1,3 милиони евра. Реформите и инвестициите во здравство се еден од најважните приоритети на Владата предводена од СДСМ“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, пак, Владата го ставила здравството „на апарати“.

Без долгогодишна кадрова стратегија за континуирано надополнување на потребниот медицински кадар, без системска грижа за едукации и пренос на знаење и со нерешавање на статусот на голема група здравствени работници кои се со договор на дело и посветено работат и се грижат за граѓаните, Владата направи штета на долг рок, а здравството е вратено наназад за неколку децении. И додека трае неизвесноста и правните лавиринти за решавање на статусот на здравствените работници кои работат со договор на дело со години, функционерите од власта веднаш ги ухлебија своите семејни лози и тоа директно на терциерно здравство каде се третираат најкомплексните случаи. По серијата објави од поглавјето „позитивни промени во здравството“ до ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да пристигнуваат информации за вработувањата на цели семејни стебла покрај на министерот за здравство Фатмир Меџити, сега и на неговите советници и партиски функционери на оваа власт“.

Опозицијата постави и неколку прашања.

Јавноста остана за покуса за отчет кога веќе и се полни устите со транспарентост за прашањата:

1.Дали шурата и свеската на Меџити се вработени во неговиот кабинет и по кои критериуми?

2. Дали и сопругата на министерот за правда Кренар Лога се вработи на Клиниката за стоматологија и дали нејзиниот брат е вработен како советник во кабинетот на Меџити?

Иако уште нема одговори за јавноста за овие прашања, во меѓувреме пристигнуваат нови информации за вработувања на семејните лози па јавно прашуваме:

Дали примерот со вработувањата на роднините на Меџити го следат и неговите советници?

Дали на Клиниката за гинекологија каде само за неколку дена имаше три скандали кои уште се без завршеток, на скандалозниот оглас се вработува и сестрата на Ајла Шабани, советничка во кабинетот на министерот Меџити, која работи исто така на Клиниката за гинекологија каде сега се вработува и нејзината сестра?

Дали и снаата на Зоран Верушевски, екс функционерот на СДС се вработи исто така на Клиниката за гинекологија?

Остана ли некој невработен од фамилиите на овие партиски функционери или можеби тие што останаа невработени се следни на листата?

Дека Владата воопшто не е загрижена за вработениот медицински кадар кој работи со договор на дело потврди и со манипулативната предизборна најава со која само направи конфузија кај овој медицински кадар и за ова и беа потребни 7 години за да сега пред избори започне со процедури за вработување кои се комплексни за сите освен за семејните лози.

Во меѓувреме, експресно се среди вработување за семејните стебла покрај на министерот Меџити и неговите советници, но и за децата на партиските функционери како ќерката на Мира Дизел, ќерката на директорот на Клиниката за очни болести и синот на директорот на Клиника за урологија.

Додека на терциерно ниво, каде треба да се третираат најкомплексните случаи се вработуваат овие непотистички лози, цели оддели се затвораат во болниците во внатрешноста заради неводење грижа за кадарот.

Дали Ковачевски се интересира за овие семејни стебла и негативна селекција на начин како што „се загрижи“ за семејните стебла во МНАВ или повторно има двојни стандарди?

Која инспекција ќе ги чешла овие непотистички вработувања во здравството кое го направија огромна семејна фирма на децата, роднините и партиските функционери на СДС и ДУИ?“, пишува ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија

(Видео) „Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ“, вели Димитријевиќ

Објавено пред

„Правната држава е целосно погребана. Дилот меѓу ВМРО-ОКГ и ДУИ се реализира пред очите на јавноста. После театарот на граница, со договорено враќање и режирано снимање, каде го видовме како Груби доаѓа насмеан, со наочари, следуваше продолжение со куќен притвор. Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено“, вели Алескандар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци говори.

Го сменија јавниот обвинител, избраа судии и обвинители под нивна контрола. Сопруга на екс градоначалник на ВМРО назначија за член на Судскиот совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд, в.д. обвинителка избраа на поранешен заменик-министер на ВМРО.

За в.д. претседателка на Кривичен ја назначија Даниела Димовска. Синоќа видовме зошто. За да бидат алка во рацете на власта, инструмент за реализација на политичките одлуки на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Како одлуката за куќен притвор, каде одговорноста е кај обвинителството и судството. Иако еднаш избегал, вчера обвинителството побарало поблага мерка од претходно веќе одредената мерка притвор.

Замислете, еднаш избегал, а сега Обвинителството бара замена на мерката притвор со мерка куќен притвор. Кој е предметен обвинител за овој случај? Даниел Коцев. А негов шеф? Обвинителот Анел Фидоски.

Тој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година како одговорен на најголемото обвинителство во државата, значи пред 1 месец. На кого веќе ова сценарио не му е јасно? Два месеци говориме за ова. Очигледно доаѓањето на Груби временски било темпирано.

Прво преземање целосна контрола врз обвинителството со нова раководна поставеност, па потоа реализација на дилот меѓу ВМРО и ДУИ. Дополнително, видовме дека и целиот затворски систем е капитулиран пред политичките договори.

„Не можело да му се гарантира безбедност“, па го пуштија дома.

Ниту еден час не помина во Шутка. Нема ниту една камера за 5 тони дрога, а има камери за Груби на граница.

Камерите „случајно“ не работеа ниту кога Груби излезе од државата, слободно, пешки, со пасош, иако бил на „стоп“ листата. Ама за враќањето на Груби камери има – од граница, од пречек, до

Обвинителството и Судот. И веднаш медиумите под контрола на Орбан, спремни, во иста минута сите со кампања. Целосно режирано, само овој пат лоша реализација. Како Катица што ја пуштија 3 години порано за да им помага како елемент во кампањата за враќање на Груевски.

Цела банда ја собираат. Главниот и одговорен уредник за жолт печат, Христијан Мицкоски, сега е уредник на циркус со кој се погребува правото и правната држава.

Сè е јасно, сè е договорено, смислено сценарио. Дил. Само уште да видиме што ќе добие ДУИ за возврат од ВМРО-ОКГ. Можеби им поминуваше со години, но повеќе не – граѓаните не се наивни ниту слепи. Граѓаните конечно гледаат сè и знаат“, изјави Алескандар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нормализиран сообраќајот по одронот на патот Катланово – Велес

Објавено пред

Од 10:30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово – Велес е исчистен, сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Објавено пред

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води исклучиво од законските основи, велат од ЈОРМ.

dobivaj vesti na viber

„Во однос на реакциите на јавноста во врска определената мерка за обезбедување – куќен притвор за еден од осомничените во предметот „Државна лотарија“, обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен притвор, особено кога се реализира со 24-часовен надзор, е исто така притворска мерка, која не се издржува во затворски услови само затоа што постојат специфични услови за тоа.

Таквите услови во конкретниот случај беа исполнети, бидејќи по проценка на надлежните органи – МВР и АНБ постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен. Деталите во однос на ваквите загрозувања беа презентирани пред судијата на претходна постапка.

За обвинителството од исклучителна важност е што овој осомничен е обезбеден и за него продолжува кривичниот прогон за сомненијата за сторено кривично дело – Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик. За него беше спроведена финансиска истрага и се обезбедени најголемиот дел од потребните докази, во кои одбраната веќе врши увид.

Надлежните јавни обвинители во предметот постапуваат одговорно и во согласност со законските надлежности. Јавното обвинителство го разбира интересот на јавноста за овој предмет, но апелира за воздржаност на коментарите во однос на легитимно донесените јавнообвинителски одлуки за да се овозможи ефикасна и правична постапка“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

(Видео) „Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ“, вели Димитријевиќ

„Правната држава е целосно погребана. Дилот меѓу ВМРО-ОКГ и ДУИ се реализира пред очите на јавноста. После театарот на граница,...

Македонија18 минути

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа2 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија2 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија3 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија3 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет3 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет3 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа4 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа4 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа5 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија15 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија20 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија22 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија23 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија23 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија24 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија1 ден

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион1 ден

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет1 ден

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...