Македонија
(Видео) Партијата не е осомничена, велат од ВМРО-ДПМНЕ и бараат одмрзнување на имотот
ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција побара да се укине мерката за замрзнување на имотот бидејќи, како што рече, со тоа ѝ се нанесува штета на партијата.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, оцени дека барањето на СЈО и одлуките на судиите се неосновани, без аргументација и политички се мотивирани. Јанушев е дециден дека со ова е повредена праксата на европскиот суд за човекови права.
„ВМРО-ДПМНЕ како правно лице не е осомнично во постапката и се гледа дека се работи за прогон. Се причинува штета на партијата“, изјави Јанушев.
Тој соопшти дека ќе ги информира сите меѓународни институции и ќе бара лична и политичка одговорност.
„Можете да ни се заканувате и уценувате, но не ви се плашиме“, порача Јанучев и додаде дека вкупниот имот на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 10 милиони евра.
Јанушев дополнително обвини дека откако власта не успеала преку притисоци да ги скрши партијата и раководството сега се обидува да ја оствари целта со притисок преку други институции.
„Заев го направи последниот чекор и да го впрегне неговиот последен адут – партиското СЈО и клиентелестички расположениот суд и да го замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Селективното СЈО месец по дебаклот на референдумот, побара да се замрзне имотот, судиите донесоа позитивна одлука без основа. За првпат се бара замрзнување на имот на опозоциска партија“, рече Јанушев.
Претходно кривичниот суд замрзна 69 имоти на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и седиштето на партијата позната како Белата палата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

