Македонија
Пациентите со цистична фиброза етапно се вклучуваат на терапија со „трикафта“
Министерството за здравство информира дека пациентите со цистична фиброза почнуваат да го примаат лекот „трикафта“.
„Покрај 12-те пациенти, кои веќе се на терапија со ‘кафтрио’, во комбинација со ‘калидеко ‘, овие денови со терапија се вклучуваат и нови пациенти. Во петокот, на 29 декември, две нови пациентки примија ‘трикафта’, денеска се вклучуваат уште двајца, а в петок се очекува лекот да го примат уште двајца пациенти“, велат од Министерството.
Додаваат дека оваа група пациенти етапно се вклучува на терапија, а во согласност со протоколот и прецизните критериуми на евалуација се одлучува за добивањето терапија. Листата на пациенти, како што појаснуваат, е направена од стручна комисија по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза според бодирање.
„Лекот ‘трикафта’ е безбеден, одобрен од Европската медицинска агенција. Ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив“, се нагласува во информацијата од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

