Македонија
Педесет фудбалски стипендии за талентирани деца
Пред самиот почеток на најголемиот светски фудбалски настан, Македонски Телеком почнува нова кампања со слоган: „Ги поддржуваме ѕвездите на иднината” за поддршка на млади талентирани идни фудбалери.
За таа цел ќе бидат обезбедени педесет стипендии за деца од седум до дванаесет години за фудбалската академија на ФК Вардар. Целта на оваа иницијатива е да им се даде поттик на талентираните деца да го остварат својот потенцијал.
На веб-страницата www.footballstars.mk се дадени сите детали за процесот на аплицирање и селекција на најталентираните. За почеток сите заинтересирани треба да снимат видео во кое ќе покажат колку се вешти со топка и тоа во жонглирање, водење топка и завршница со шут на гол. Потоа, од испратените видеа скаутите од Фудбалската амадемија на ФК Вардар ќе селектираат поголем број талентирани играчи кои ќе бидат повикани на голем настан во Скопје. На настанот ќе бидат организирани повеќе фудбалски мечеви каде што младите фудбалери ќе можат во живо да го покажат својот талент. Скаутите на крај ќе одберат 50 најталентирани кои ќе ги добијат стипендиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

