Македонија
Пендаровски: Божик нека ни биде духовна поткрепа за надминување на кризата

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник – Божик, упати честитка до сите верници што го прославуваат Божик според грегоријанскиот календар.
„Празникот на Христовото раѓање секогаш асоцира на време поминато во прегратка на најблиските среде топлината на нашите домови. Да ја почитуваме традицијата и годинава да прославуваме во рамките на најтесното семејство, да избегнуваме движења, собирања и да придонесеме со своето одговорно однесување за запирање на ширењето на пандемијата на Ковид-19“, порача македонскиот претседател.
Тој воедно изрази надеж дека овој празник и неговото значење ќе бидат духовна поткрепа за надминување на кризата и за конечно враќање на нормалното секојдневие.
„Се надевам дека ќе успееме да ги зачуваме енергијата и светлината на божикните празници преку целата година останувајќи грижливи, солидарни и хумани, постојано имајќи добра мисла и дарувајќи љубов“, порача Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).