Македонија
Пендаровски: Во духот на Курбан-бајрам – да продолжиме да ја градиме државата на темелите на разбирање, соживот и грижа
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан-бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во Македонија.
„Дозволете ми на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија да Ви упатам најсрдечни честитки по повод празникот Курбан-бајрам.
Ви посакувам празничните денови да ги поминете во слога, хармонија и благосостојба помагајќи им на сите на кои им е потребна помош, поткрепа и разбирање. Курбан-бајрам, празникот кој се темели на солидарноста и дарежливоста, нека биде поттик на сите граѓани за заедничко надминување на предизвиците во нашето мултиетничко општество.
Во духот на празникот Курбан-бајрам да продолжиме да ја градиме нашата држава на темелите на разбирањето, соживотот и грижата за другиот“, се вели во честитката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки
Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО – ДПМНЕ освои 58 мандати во новиот собраниски состав.
Зад неа е Коалицијата на ДУИ со освоени 19 пратенички мандати.
СДСМ на овие избори освои 18 мандати.
Коалицијата Вреди има 13 мандати во Собранието а по шест мандати имаат „Левица“ и партијата ЗНАМ.
По овие резултати на ДИК, измени од синоќешната објава има кај коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ која изгуби еден мандат и ЗНАМ кои имаат еден мандат повеќе.
Македонија
Бојмацалиев: Вечна слава на загинатите припадници на македонската полиција во Диво Насеље
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, предводеше делегација составена од директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и државната секретарка Магдалена Несторовска, заедно со претставници од единиците при Оддел за специјални полициски операции, како и раководството на СВР Куманово, при што положија цвеќе пред спомен обележјето пред СВР Куманово, по повод 9 години од вооружениот судир помеѓу македонската полиција и терористичка групација во кумановско Диво Насеље. Бојмацалиев на социјалните мрежи напиша:
„Утрото на 9 мај 2015 година ние кумановци се разбудивме со звуци од бомби, пукотници и растревожени лелеци од сограѓаните… Диво насеље гореше, и за брзо се прошири веста за загинатите колеги, припадници на македонската полиција, во вооружен судир со терористичка групација. Најскапоценото, својот живот во одбрана на Македонија, го дадоа припадниците на специјалните единици на македонската полиција. Со длабока почит предводев делегација од МВР, составена од директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и државната секретарка Магдалена Несторовска, заедно со претставници од единиците при Оддел за специјални полициски операции, како и раководството на СВР Куманово, положивме цвеќе пред спомен обележјето пред СВР Куманово.
Жарко Кузмановски
Ненад Серафимовски
Сашо Самојловски
Бобан Ивановиќ
Горан Илијевски
Исамедин Османи
Љубиша Аранѓеловиќ
Горан Стојменовиќ
Нека им е вечна слава! Никогаш да не се заборави!”, напиша Бојмацалиев на социјалните мрежи.
Македонија
„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова
Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на вчерашните претседателски избори.
„Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседателка на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата“, напиша Гир.
Според последните резултати објавени на сајтот на ДИК, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова освоила 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%).