Македонија
Пендаровски во Киев на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Украина
Претседателот Стево Пендаровски денеска на плоштадот на независноста во Киев присуствуваше на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина.
На настанот, на којшто се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се одржаа церемонии на подигнување на украинското знаме и доделување признанија, како и празнична парада на вооружените сили на Украина.
Во палатата Маријински, претседателот Пендаровски присуствуваше на прием, приреден од украинскиот претседател Зеленски.
Прославата на 30-годишнината од независноста на Украина се одржува под слоганот „Ти си моја единствена“ со присуство на над четириесетина делегации од земји и меѓународни организации со стотици странски гости, вклучително и шефови на држави, претставници на странски влади и парламенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Делови од Карпош и Ѓорче Петров денеска без струја
ЕВН Македонија АД добивме известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 12.00 часот, корисниците од улиците број 10, 40, 42, 44 и 46 во населба Кисела Јабука. ( општина Ѓорче Петров )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Јуриј Гагарин бр.17.( општина Карпош )
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Архиепископ Доситеј, корисниците лоцирани околу фабриката Карпош, објектот на КАМ маркет, како и зградите кај Александрија. ( општина Ѓорче Петров )
– во периодот од 10.30 до 11.30 часот, дел од корисниците од ул. Леринска. ( општина Карпош )
Македонија
Земјотрес со јачина 3.2 почувствуван во Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер, во 21 часот и 28 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Мицкоски до пензионерите: Уживајте во зголемените пензии од 2.500 денари
Пензионерите утре ќе добијат повисоки пензии за 2.500 денари. Зголемувањето е линеарно, што значи дека сите пензии ќе се покачат за истиот износ.
Второто линеарно покачување од плус 2 и пол илјади денари пензионерите ќе го добијат во март следната година.
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва преку видео обраќање на пензионерите им порача да уживаат во повисоките пензии кои од утре ќе се најдат на нивните сметки.