Македонија
Пендаровски во Стокхолм се сретна со претставници на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА
Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на Кралството Шведска денеска во Стокхолм се сретна со претставници на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА, претставници на Нобеловата фондација, како и на водечките политички организации и институти и тинк – тенк организации.
![]()
На средбата со Марие Отесон, заменик генерален директор на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА, претседателот Пендаровски беше запознаен со приоритетите на новата седумгодишна стратегија за реформска соработка на Кралството Шведска за земјите од Западен Балкан. Целта на програмата е доближување на овие земји со Европската Унија и надополнување на активностите на ЕУ фокусирани на основните реформи. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази благодарност до Владата на Кралството Шведска за помошта којашто нашата држава ќе ја добие за унапредување на повеќе области меѓу кои се човековите права, демократија, владеење на правото и родова еднаквост, одржлив еколошки и климатски развој и инклузивен економски развој.
![]()
Претставниците на Нобеловата фондација, пак, со претседателот Пендаровски разговараа за активностите од годинешното доделување на Нобеловата награда. Видар Хелгесен, извршен директор на Нобеловата фондација го информираше претседателот Пендаровски за едукативните програми за ученици и наставници чија цел е да послужат како инспирација за идните генерации да се стекнат со знаења и да го разберат и подобрат светот.
![]()
На средбата со претставници на водечки политички организации и институти и тинк – тенк организации претседателот Пендаровски изрази благодарност за континуираната развојна соработка и поддршка од Кралството Шведска за зајакнување на капацитетите на институциите на Северна Македонија, особено во областа на демократијата и владеењето на правото.
Претседателот Пендаровски, исто така, ја нагласи и улогата на шведските политички фондации, институти и тинк – тенк организации во институционалниот развој и внатрешната демократизација на политичките партии и политичкото образование.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

