Македонија
Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Индија – приоритетот ќе биде на политичкиот ангажман
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Индија во Република Северна Македонија, Санџај Рана, со седиште во Софија.
На церемонијата на предавање на акредитивните писма Пендаровски нагласи дека Индија има особено значење поради ликот и делото на Мајка Тереза, која воспостави трајна и нераскинлива врска меѓу Скопје и Колката, но и цврста врска меѓу двата народа.
Истакнувајќи дека пред двете земји со богато културно и историско наследство постојат големи можности за соработка како на билатерален така и на мултилатерален план, Пендаровски изрази надеж дека во периодот што следува ќе се интензивира билатералниот политички дијалог преку реализација на меѓусебни посети.
Новоименуваниот амбасадор Санџај Рана го истакна високиот приоритет на владата на Индија за понатамошен развој на билатералните односи и соработка со Северна Македонија. Во таа насока тој информира дека приоритетот ќе биде на развојот на подлабок политички ангажман, силна билатерална трговија и инвестиции, како и зајакната соработка во делот на технологијата и туризмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

