Македонија
Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Латвија, Елита Кузма
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Елита Кузма, новоименуваната амбасадорка на Република Латвија во Република Северна Македонија.
Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма посочи дека двете земји негуваат пријателски и партнерски релации, а блискоста и довербата се втемелени како константа во односите. Тој истакна дека Република Латвија е важен партнер на Република Северна Македонија и изрази убедување дека пред двете земји претстои успешен период и натамошно унапредување на соработката како на билатерален така и на мултилатерален план. Претседателот Пендаровски, изразувајќи огромна благодарност за латвиската безрезервна и гласна поддршка за македонската евроинтеграција, рече дека влезот на Северна Македонија, но и на другите земји од Западен Балкан во Унијата, дополнително ќе ги стабилизира состојбите во регионот, кој со години е цел на влијанија од земјите што не ги споделуваат заедничките вредности на демократијата и додаде дека нашата земја придава големо значење и на силните партнерски односи што ги негуваме во рамките на НАТО, особено во време кога се соочуваме со сериозни глобални безбедносни предизвици.
Амбасадорката Елита Кузма во својот говор рече дека Латвија високо ги цени силните и пријателски односи и дијалог со Северна Македонија и оцени дека двете нации негуваат цврсто пријателство засновано на заемна доверба и почит. Таа посочи дека соработката се одвива и билатерално и мултилатерално како докажани партнери во Европската Унија и НАТО. Амбасадорката Кузма рече дека Латвија го поддржува натамошниот напредок во процесот на пристапните преговори ценејќи го целосното усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Таа ја изрази нивната подготвеност за да се продолжи со обезбедување експертиза и практична поддршка, вклучително и тековна обука на професионалци за европското право и економија и ги поздрави тековните напори што ги прави Северна Македонија во насока на европската интеграција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хрватскиот министер за надворешни и европски работи во посета на Македонија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, соопштија од Министерството.
Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.
Македонија
„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма
Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје.
„Со нас застанаа уметници кои својот протест го изразуваат со она што најдобро го знаат – музиката. Волонтерски ќе настапат: DJ Александар Јорданов, DJ Chvare, DJ Andrew Meller, Новиот Почеток, Хајка, Луфтханза, Животни, Големата Вода, DJ Базел, DJ Emily Nas, Дина Јашари, Член 16, Зарина Првасевда и Корка. Нивната поддршка е порака дека ова не е изолиран протест, туку заедничка борба за уставно загарантираното право на чист воздух“, се вели во најавата за протестот од „Стоп за Усје“.
Од таму велат дека „Блокадафест“ е јасен повик до институциите и до Титан Усје: здравјето на граѓаните не е преговарачка категорија.
„Додека фабриката продолжува да загадува, ние излегуваме заедно да го блокираме загадувањето и да покажеме дека отпорот може да биде гласен, солидарен и креативен“, се вели во најавата.
Македонија
ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?
„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ“, велат од ВЛЕН.
„Вистина е дека Артан Груби не е ‘обичен’ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се криеше од јавноста. Кога “црната кутија” еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот.
Затоа во ДУИ владее паничен страв. Заплетот влегува во фаза во која соопштенијата и пресовите на ДУИ повеќе не вршат работа, туку фактите. Институциите почнуваат да копаат по вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа буџетските пари.
Дали стравот од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува и ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги, тера некого да користи мафијашки методи на заплашувања? Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби? Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите“, прашуваат од ВЛЕН преку соопштението.

