Македонија
(Видео) Пендаровски: Да не бараат изговори, функционерите веднаш да ги повлечат своите роднини
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски изјави дека е неоправдано и неодговорно изнаоѓањето изговори дека се работи за некакви грешки и побара функционерите веднаш да постапат и да ги повлечат своите роднини од работните места кога вчера Антикорупциската комисија обелодени сериозни индиции за непотизам при вработувањата роднини на функционери.
Тој го поздравува овој чекор и вели дека на овој начин Македонија ќе стане земја со демократски капацитети, каде што ќе владее правото, без непотизам и партиски влијанија.
„Го поздравувам потегот на антикорупциската комисија. Нејзината постапка беше без преседан. Функционерите треба да имаат доблест, одговорност и да бидат свесни дека се избрани јавно и да ги повлечат своите блиски од работните места. Впрочем, антикорупциската комисија не е партиско тело, составена е од експерти и не може никој да каже дека нејзините одлуки се пристрасни. Затоа, уште еднаш повикувам да се почитуваат нејзините одлуки во целост“, порача Пендаровски.
На прашањето доколку тој е на местото на некои функционери што се најдоа на листата на ДКСК за непотизам, рече дека, без размислување, без разлика дали влијаел при вработувањето или не, би ги повлекол роднините од работните места.
Во врска со вториот круг од претседателските избори Пендаровски рече дека очекува оти ќе има најмалку 42 отсто одѕив и дека изборите ќе бидат успешни и дека не гледа причина за бојкот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

