Македонија
Пендаровски до Дендијас: Преспанскиот договор е чекор што ја демонстрира посветеноста за развој на добрососедски односи
Претседателот Стево Пендаровски го прими Никос Дендијас, министер за надворешни работи на Република Грција, кој престојува во посета на земјата. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Грција, за европските и евро-атлантските перспективи на Северна Македонија, како и за состојбите во регионот.
Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија е силно посветена на развој на партнерството со Грција, базирано на пријателството и заедничкиот интерес на граѓаните на двете држави за просперитетен регион. Во тој контекст претседателот Пендаровски истакна дека преспанскиот договор е чекор што ја демонстрира посветеноста за развој на добрососедски односи и соработка.
Претседателот Пендаровски се заблагодари за силната поддршка од Грција за почеток на претпристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија за време и по последниот европски совет. Претседателот Пендаровски истакна дека во очекување на новата методологија за водење на пристапните преговори, Северна Македонија е фокусирана кон интензивирање на реформскиот процес, со цел што побргу отворање на пристапните преговори за членство со ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

