Македонија
Пендаровски до Лајчак: Очекуваме формален почеток на преговорите со ЕУ за време на германското претседателство
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020”, денеска во Братислава оствари средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан.
Претседателот Пендаровски го информирал специјалниот претставник Лајчак дека Северна Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори со ЕУ за кои се очекува формален почеток за време на германското претседателство.
Лајчак ја посочил Северна Македонија како исклучително позитивен пример во регионот, истакнувајќи го многу значајниот напредок постигнат во изминатите години.
Претседателот Пендаровски го информирал високиот претставник и за актуелните состојби во земјава и изразил задоволство од нивната редовна комуникација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лимко Бејзароски – нов претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација објави дека по принципот на ротирање на претседателското место, на 18-тата седница, одржана вчера, членовите го избраа Лимко Бејзароски за нов претседател на КСЗД.
За заменик претседател на Комисијата назначена е членката Флора Кадриу.
Досегашен претседател на КСЗД беше Игор Јадровски.
Македонија
Македонското МНР го осуди иранскиот ракетен напад, граѓаните да не патуваат во Израел, Иран и Либан
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили.
Амбасадата во Тел Авив веќе стапи во контакт со надлежните институции на Израел, со цел потврда дека меѓу жртвите и повредените нема државјани на нашата земја.
Имајќи ја предвид влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум.
„Потсетуваме на СОС дежурните телефони на Министерството +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378, која е целосно екипирана и ставена на располагање за нашите граѓани“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан, Израел, Иран и регионот и навремено да ги информира нашите државјани за евентуални насоки за постапување.
Македонија
Обвинение за несовесно работење против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко
Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против службено лице – градоначалник на Општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта. Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, обвинетиот на 12.01.2022 година за вршител на функцијата во училиштето во Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа.
Именуваната ја вршела функцијата директор на училиштето во периодот од 12.01.2022 до 31.07.2023 година, за кој период и биле исплатени плата и придонеси како в.д. директор со што му била нанесена штета на училиштето, соопшти Обвинителството.