Контакт

Македонија

Пендаровски: Заштита на критичната инфраструктура предуслов за функционална држава

Објавено пред

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, а во соработка со партнерската Фондација „Фридрих Еберт“ – канцеларија во Северна Македонија, денеска беше одржана конференцијата на тема „Критична инфраструктура: ЕУ-димензија, закон, стратегиски и институционален пристап“.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи за динамичните промени и растечката непредвидливост со која со соочува целиот свет, претседателот Стево Пендаровски во своето воведно обраќање нагласи дека новите асиметрични закани и зачестените природни и од човекот предизвикани непогоди и катастрофи ја зголемуваат ранливоста на критичната инфраструктура и со тоа ги загрозуваат виталните функции на државата и општеството.

„Отежнувачки фактор за нас е што Северна Македонија се наоѓа во еден климатски, но и безбедносно најранливи региони во Европа. Поради незавршената интеграција на регионот на Западен Балкан во Европската Унија и во НАТО, степенот на порозност на критичната инфраструктура секогаш има и нагласена безбедносна димензија, дополнително засилена со присуството на новите хибридни закани“, рече Пендаровски оценувајќи дека во такви сложени услови нашата држава е недоволно подготвена.

Според Пендаровски, за да имаме вистински функционална држава со одржлива развојна економија и можност за планирање на иднината, неопходно е да изградиме ефикасен систем за заштита на критичната инфраструктура, процес кон кој мора да пристапиме темелно и без импровизации.

„Треба да се утврдат јасни критериуми за идентификација на критичната инфраструктура и да се направат процени на ризиците и заканите за нејзиниот интегритет. Овој потфат е преголем за само една институција и за само еден мандат. Неопходно е да се вклучат сите надлежни државни институции, релевантни оператори и компании од приватниот сектор, како и искусни експерти од областа“, истакна претседателот.

Посочувајќи ја директивата на Европската Унија од 2008 година како ориентир при конципирање на идното решение, тој нагласи дека би можеле најдобрите европски искуства да ги приспособиме на нашиот домашен амбиент и постојните системски решенија. Стратегијата за заштита на критичната инфраструктура, истакна претседателот Пендаровски, треба да биде комплементарна со другите сродни стратегиски документи за одбрана, енергетика, економски развој, животна средина и за намалување на ризиците од катастрофи.

„Северна Македонија има потреба од заштита на критичната инфраструктура. Неопходно е без одлагање да пристапиме кон изработка на стратегија што ќе биде преточена во единствено законско решение и придружни оперативни документи. Треба да бидеме свесни дека тоа не е ни малку лесна задача. Градењето систем за заштита на критичната инфраструктура е крупен предизвик и за многу поголеми и поразвиени држави од нашата. Но, ако не го направиме тоа, цената може да биде многу висока“, заклучи Пендаровски во своето обраќање.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, рече дека членството во НАТО значи дека сме дел од колективната безбедност и затоа треба да ја подобриме и отпорноста на критичната инфраструктура.

Македонија

Земјотрес почувствуван во Македонија

Објавено пред

Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

dobivaj vesti na viber

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.

Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )

Прикажи повеќе...

Македонија

Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко

Објавено пред

Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Времето во наредните денови

До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа27 минути

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздух

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија44 минути

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил...

Свет1 час

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет2 часа

(Видео) Преживеан од Холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет2 часа

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како „очигледно убиство“ откако две тела беа пронајдени во домот на...

Македонија17 часа

Неправилности и проблеми со „Безбеден град“ ќе се пријавуваат преку специјален пункт или на интернет

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е задоволен од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“. Тошковски вели дека граѓаните...

Економија18 часа

Мицкоски: Буџетот е ликвиден, трезорот нема да се затвори на 15 декември

Премиерот Мицкоски изјави дека Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат тековно. Како што појасни Мицкоски, 15 декември не...

Македонија20 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија20 часа

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ23 часа

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија23 часа

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...

Свет24 часа

(Видео) Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

Најмалку две лица се убиени, а девет се повредени во вооружен напад што се случи во саботата попладне на кампусот...

Забава2 дена

(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“

Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место,...

Македонија2 дена

Ахмети од протестот на плоштадот „Скендербег“: Процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се обрати на протестот што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, организиран во...

Македонија2 дена

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија. Како што...

Македонија2 дена

(Видео) Жената во Гостиварско била застрелана пред да биде закопана во дупка, покажа обдукцијата

Завршена е обдукцијата на 53-годишната жена која беше пронајдена почината во атарот на гостиварското село Неготино. Според првичниот наод, таа...

Македонија2 дена

Македонија воздржана за резолуцијата на ОН за обврските на Израел

Македонија гласаше воздржано на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации за резолуцијата што се однесува на обврските на Израел...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се претставува како противник на мигрантите, а во 2018 туркал камп во Бардовци

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека јавно настапува како противник на мигрантите, додека за време на...

Македонија2 дена

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Собранието, а не општините, мора да одлучува за прашањето со мигрантите, соопшти денеска СДСМ, оценувајќи дека премиерот Христијан Мицкоски со...