Македонија
Пендаровски-Зурабишвили: Соработка и солидарност и по надминување на кризата
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари видеоразговор со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили.
Двајцата соговорници разменија мислења за севкупните перспективи за развој на соработката на билатерално и мултилатерално ниво меѓу двете држави, кои воспоставија дипломатски односи во февруари 2019 година.
Пендаровски се заблагодари на честитките од претседателката Зурабишвили по повод зачленувањето на Северна Македонија во НАТО и одлуката за почеток на преговорите за членство во ЕУ, како долгогодишни стратешки цели на кои земјата работеше. Во таа насока, претседателот додаде дека сме подготвени да го споделиме нашето искуство и да дадеме поддршка на сите земји кои се на тој пат.
Соговорниците разменија мислења и информации за состојбите во двете држави, поврзано со справувањето со пандемијата на Ковид-19. Претседателот Пендаровски ја информираше претседателката Зурабишвили за мерките што државните власти ги преземаат во борбата против вирусот.
Двајцата претседатели се согласија дека против пандемијата, како глобален проблем, треба да има и глобален одговор, преку меѓусебна соработка и солидарност.
Претседателот Пендаровски ја информираше претседателката Зурабишвили за дадената согласност за новата грузиска амбасадорка во Северна Македонија, резидентна во Софија, со надеж за отворање нови можности за развивање на билатералните односи. Во таа насока и двајцата претседатели разговараа за зајакнување на дијалогот на највисоко ниво, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за упатената покана за посета на Грузија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

