Македонија
Пендаровски и 63 вработени кај него сѐ уште немаат плата, од кај Битиќи велат ќе ја добијат до 15-ти
Стево Пендаровски по четири години од изборот за претседател, првпат остана без плата заедно со неговиот Кабинет. Средствата што вообичаено на сите им се исплаќаат на 1 во месецот, сега им доцнат осум дена. Од Министерството за финансии не се загрижени што Пендаровски, 55 јавни службеници, пет советници и три именувани лица, сè уште немаат земено плата. Од таму посочуваат дека навремено ќе биде исплатена, што би значело дека ќе го запазат рокот до 15 во месецот. Кабинетот на претседателот посочува дека се одржувале и состаноци со Министерството.
„Во однос на тоа што може да се направи, Кабинетот достави образложение до Министерството за финансии, одржани се и состаноци меѓу претставници на двете институции и се работи на надминување на пречките за решение на проблемот“, велат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“.
Министерството за финансии, пак, наместо одговор каде е проблемот што платата не е исплатена како што е вообичаено, на 1 во месецот испратија објаснување дека претседателот со вработените ќе добие пари во законскиот рок.
„Министерството за финансии преку секторот Трезор редовно и навремено ги реализира налозите на буџетските корисници за исплата на плата на вработените во согласност со законските прописи. Посочуваме дека процесот на исплата на платите на вработените во јавниот сектор е регулирано и се спроведува врз основа на Законот за буџетите и Законот за извршување на буџетите, а во согласност со обезбедени финансиски средства“, посочуваат од Министерството за „Макфакс“.
Последниот состанок помеѓу Кабинетот на Пендаровски и претставници на министерот Фатмир Битиќи се одржала вчера. И на таа средба е објаснето дека не се бара исплата на екстра пари од буџетот, туку со веќе заштедени средства треба да им се зголемат платите за 5 % на 55-те државни службеници. Од Кабинетот на Пендаровски и претходно објаснија дека барањето за јануарската плата е изработено во согласност со законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.
Македонија
Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“
На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“.
„Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се враќа на плоштадот „Македонија“. Со посебна атмосфера, богата програма и многу изненадувања за сите генерации, претстојниот настан го означува почетокот на новогодишните и божиќните празнувања во главниот град“, велат од Градот.
„ Ајде заедно да го осветлиме градот. 15.12.2025 во 18:00 часот. Почитувани скопјани, драги родители, најдраги дечиња, нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. А сите ние – и младите, и возрасните ја заслужуваме таа топлина што ја носат Новогодишните и Божиќните празници. Затоа, со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите. На 15 декември, во 18 часот, на плоштадот „Македонија“, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух. Веќе од наредниот ден, па сѐ до самата Нова година, ќе следуваат секојдневни настани и забави за сите генерации. А дочекот, ви ветуваме, ќе биде спектакуларен и незаборавен“, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Притвор за скопјанецот кој насилно упадна во студиото на „Инфомакс“
Судот му определи притвор на 43-годишниот скопјанец кој вчера насилно упадна во студиото на „Инфомакс“.
Според информациите од МВР, полицијата поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.С.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела насилство и спречување на службено лице при вршење службено дејствие.
„Имено по претходна пријава од страна на А.М. водител на емисијата ‘Инфомакс’ и по преземени мерки од страна на полициските службеници извршен е разговор со оштетениот и сведоците на настанот, обезбедени се видео записи од безбедносни камери, извршен е службен разговор со пријавениот и документирани се заканувачки пораки од пријавениот кон оштетениот. Тој е изведен пред судија на претходна постапка при што му е изречена мерка притвор“, соопшти МВР.

