Македонија
Пендаровски: Куманово треба да се изолира како што беше направено со Дебар
Владата во следните 24 часа треба да одлучи какви мерки ќе се воведат во Куманово и дали ќе се примени истиот модел како во Дебар, посочува претседателот Стево Пендаровски, според кого, ситуацијата во Куманово е многу лоша.
„Ситуацијата во Куманово е лоша. Трендовите се негативни, сосема независно од последните вести поврзани со градоначалникот. Таму една од најголемите тешкотии предизвикува фактот што има приличен број, сразмерно со другите општини, заразени здравствени работници во главната болница“, посочи Пендаровски.
Тој смета дека треба да се применат истите методи како во Дебар, каде што беше прогласена кризна состојба и карантин.
„По реферирањето на надлежните министри и дискусијата, беше заклучено дека сите ресурси на државата се насочени кон справување со пандемијата на коронавирусот. Ситуацијата во Куманово се усложнува, таму се распоредени дополнителни човечки ресурси. Мојот став за Куманово е дека таму ќе треба да се примени моделот од Дебар и Центар Жупа. Со оглед на бројот на жители, претставува потенцијална опасност за ширење на вирусот“, објасни Пендаровски.
Претседателот рече дека Скопје ќе биде предмет на засилен мониторинг и анализи кога е во прашање коронавирусот, а воедно дека и ефективно се спроведуваат насоките од СЗО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

