Македонија
Пендаровски кусо се сретнал со Бајден на Самитот за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски остварил куса средба со претседателот на САД, Џо Бајден, на Самитот за климатски промени.
„На маргините на Самитот за климатски промени #COP26 остварив уште четири кратки средби, со претседателот на САД Џо Бајден, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Индија Нарендра Моди и израелскиот премиер Нафтали Бенет. Се вбројуваме и здружуваме со земјите кои активно преземаат обврски за борба против климатските промени. Важно е да се чујат и нашите заложби и работа во овој дел“, напиша Пендаровски на социјалните мрежи.
Пендаровски вчера на Самитот рече дека и покрај фактот што сме мала европска земја, имаме големи климатски амбиции. Како земја кандидат за членство во ЕУ подготвена да почне преговори, додаде тој, Северна Македонија веќе го транспонира европското законодавство за климатски промени во своето национално законодавство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.