Македонија
Пендаровски меѓу чеканот и наковалната
На бирото на претседателот Стево Пендаровски се петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Од петокот попладне се чека одлуката на шефот на државата дали ќе стави параф на Указите на законите.
Според досегашните изјави за него се најспорни одредбите за работното време на работниците и покрај одлуката на Уставниот суд за 40 часовна работна недела, но и одредба од Законот за експропријација со која се поништува двостепеноста што е уставно загарантирана категорија.
Премиерот Димитар Ковачевски јавно верува во правните познавања на шефот на државата и неговиот правен тим. Ако ,тој ги гледа придобивките од пакетот измени очекува исто да постпи и тимот правници на претседателот на државата.
Пендаровски е на уште една мака. Доколку не ги потпише законите може да се замери и со СДСМ и со ДУИ со што ги губи или намалува шансите да биде подржан и предложен за втор претседателски мандат. Според сите математики нема шанси за победа ниту еден кандидат доколку зад него не застане една од двете големи партии од македонскиот и без поддршка од албанскиот блок.
Пендаровски не го потпиша Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, но тоа мина без потреси.
Доколку Пендаровски не потпише некој од законите, тие се враќаат во Законодавниот дом со забелешките од претседателот. Доколку на гласање добијат повеќе од 60 гласа, законите без никакво ограничување почнуваат да важат.
Дали ова е планот Б на Ковачевски, доколку Пендаровски одбие да стави потпис на 5-те законски измени, не соопшти. Оваа ситуација ќе ги залади односите на релација претседател-Влада и партиските математики ќе кажат кој кандидат би бил добитна комбинација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

