Македонија
Пендаровски-Мишел: Европска солидарност за заедничката битка против Ковид-19
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Во разговорот претседателот Пендаровски се заблагодари за јасната и отворена поддршка од претседателот на Европскиот совет, Мишел, за одлуката за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија, истакнувајќи дека со таквиот чин Унијата, во вонредни околности, потврдила дека местото на државите од Западниот Балкан е во заедничкото европско семејство.
Пендаровски се интересираше за динамиката за подготовка и усвојување на преговарачката рамка за нашата држава и за временската рамка за одржување на првата меѓувладина конференција. Претседателот Пендаровски изрази разбирање за одложувањето на Самитот на лидерите на Европската Унија и на земјите од Западен Балкан кој требаше да се одржи на 7 мај во Загреб, нагласувајќи дека справувањето со ширењето на пандемијата со вирусот Ковид-19 е апсолутен приоритет на сите земји во овие моменти. Сепак, тој изрази надеж дека ќе се задржи темпото на работа и одлучување преку нови технички модалитети како, на пример, видеоконференции, а во интерес и на Европската Унија и на државите од западниот Балкан.
Соговорниците разменија информации за состојбите во Унијата и кај нас, поврзани со справувањето со последиците од ширењето на Ковид-19. Претседателот Пендаровски го информираше претседателот на Европскиот совет, Мишел, за мерките и активностите што надлежните институции ги преземаат во справувањето со последиците од пандемијата, како и очекуваните предизвици со кои земјата ќе се соочува во следниот период справувајќи се со последиците од епидемијата.
Претседателот Пендаровски се заблагодари за помошта која Европската Унија ни ја дава преку фондовите на ЕУ, како и на билатерално ниво што земји членки ја донираат во медицинска и заштитна опрема.
Беше констатирано дека покрај фактот дека Европската Унија е клучниот трговски и економски партнер на нашата држава, од почетокот на пандемијата, Унијата пружа и значајна финансиска помош. Досегашната поддршка изнесува околу 69 милиони евра од кои 4 милиони за итна поддршка за здравствениот систем, 3 милиони директна буџетска поддршка, 12 милиони за приватниот сектор и 50 милиони евра за помош на економијата, со цел социо-економско закрепнување на земјата поради последиците од епидемијата на коронавирусот.
Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски изрази солидарност со најголемите земји членки на Унијата, кои се и најмногу погодени од пандемијата, и изрази очекување дека со солидарност и тесна соработка на европскиот континент, ќе биде добиена и оваа битка, како и справувањето со предизвиците кои ги носи глобалната здравствена, економска и социјална криза предизвикана од Ковид-19, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

