Македонија
Пендаровски на конференција: Што по кризата – Иднината на Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски учествуваше и се обрати на конференција на тема: Што по кризата – Иднината на Западен Балкан, во организација на Фондацијата БФПЕ за одговорно општество од Република Србија, Институтот за демократија и Атлантски совет.
Во своето обраќање претседателот Пендаровски се осврна на актуелните политичко општествени процеси во регионот, на економската и енергетска криза, на последиците од војната во Украина и глобалните безбедносни предизвици. Значајно е задржувањето на нашиот европски курс, но и потребата за проактивност на Европската Унија со зголемен фокус на европската агенда кон земјите од Западен Балкан.
Конференцијата е дел од серија настани во рамки на иницијативата Балкански дијалози. Досега вакви конференции биле реализирани во Белград, Тирана, Берлин, Минхен и Париз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.