Македонија
Пендаровски на средба со новите амбасадори пред нивно заминување на должностите

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими новоименуваните амбасадори на Македонија пред заминување во странските држави каде што ќе ги извршуваат своите дипломатски должности.
На средбата присуствуваа Сашко Тодоровски, амбасадор во Чешка, Горан Цеков, амбасадор во Јапонија, Светлана Гелева, амбасадорка и постојан претставник при Советот на Европа, Билјана Стефановска Сековска, амбасадорка во Австралија, Бети Јачева, амбасадорка во Холандија, Драган Јордановски, амбасадор во Естонија, Лидија Бошковска, амбасадорка во Грција и Милаим Фетаи, амбасадор во Хрватска.
„Очекувам да бидете проактивни во спроведувањето на нашата надворешна политика, соодветно да постапувате и одговорате на надворешно-политичките предизвици. Вам ви припадна привилегијата, но и големата одговорност да продолжите да работите на меѓународниот углед на државата“, истакна Пендаровски на средбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Гази Баба и Студеничани денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска:
· поради промена на шибер ф 100 мм на улицата Карл Либкнехт бр.84, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Карл Либкнехт, Анри Барбис, Темко Попов и дел од Карл Хрон од 09:00 часот до завршување, Гази Баба;
· поради санација на усисна цевка во ПС Моране (викенд населба), можно е да има мал прекин на водоснабдување во село Моране, во периодот од 08:00 па се до завршување на работите, општина Студеничани.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 06.30 до 12.00 часот, дел од улицата Перо Наков фирмите, Јогомеркур, Осоговски, Макохемија, Стокомак, објектите до Стокомак на улицата Перо Наков, Златно Жито и Потрошувачите на улицата Маџари, општина Гази Баба;
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, дел од населбата Припор, по главната улица Христо Татарчев, општина Кисела Вода.
Македонија
Претежно сончево и многу топло со температура до 43 степени

Времето денеска, претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 37 до 43 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 43 степени.
И во сабота ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне 43°C.
Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.