Македонија
Пендаровски: Нема друга алтернатива, освен доследно почитување на протоколите
Во отсуство на вакцина или лек за оваа болест нема друга алтернатива, освен доследно почитување на протоколите, изјави претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот на безбедност.
Министерот Филипче ги информирал за најновата состојба и плановите за работа на болниците во Македонија во врска со напливот на нови пациенти.
„Бевме информирани и за функционирањето на Централниот кризен штаб. Се следи состојбата насекаде во светот и Европа. За жал, сведоци сме дека ситуацијата не се подобрува, секојдневно имаме поголеми бројки на заболени. Сведочиме дека најразвиените земји и економии тешко излегуваат на крај со пандемијата“, рече Пендаровски.
Според претседателот, ниту во Владата ниту во Министерството не е собран целиот ум и искуство во светот, па затоа секоја критика е добредојдена.
„Мора да постои добра волја и подготвеност сите корисни идеи да бидат прифатени. Оваа ситуација не треба да се користи за добивање политички поени“, рече Пендаровски.
Тој во името на сите присутни на состанокот им се заблагодари на сите вклучени во борбата со Ковид-19. На денешната седница отсутни беа професорот Ненад Марковиќ, кој имал работни ангажмани, и министерот Оливер Спасовски, кој отсуствуваше бидејќи е позитивен на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Јавното обвинителство мора да отвори предмет за тендерот од 1,2 милиони евра“, бара СДСМ
„Јавното обвинителство не смее да молчи за криминалните тендери туку да делува. Обвинителството мора веднаш да отвори предмет и да започне истрага за скандалозниот тендер од 1,2 милиони евра во АД Пошта, доделен на фирма на советник од ЗНАМ“, велат од СДСМ.
„Антикорупцискиот тим објави конкретни наводи и докази од свиркач, вработен во Пошта за организирано испумпување јавни пари и системска кражба на пари од граѓаните.
Постојат основани сомнежи дека над 300.000 евра годишно, пари на граѓаните, се вадат преку корупциски шеми.
Како? Според наводите, недостасуваат постојано околу 14 хигиеничари а други работата со половина работно време и покрај тоа што за сите нив се исплаќа целосен износ, како да се вработени и присутни цел ден.
Како се прикрива сето ова?
Со потпишување лажни дневници за отсутни хигиеничари, лажни извештаи за наводни генерални чистења кои никогаш не се реализираат.
Ако институциите не постапуваат значи дека се заштитници на криминалот на ВМРО и ЗНАМ.
Бараме Јавното обвинителство да отвори предмет и итно да покрене истрага.
Секој што го прекршил законот мора да одговара“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)

