Македонија
(Видео) Пендаровски: Полицијата мора да е деполитизирана и департизирана

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е задоволен од работата на полицијата, гледа напредок, но смета дека реформите мора да продолжат.
Тој им го честиташе Денот на полицијата на сите припадници на МВР, посочувајќи им да продолжат чесно да ги извршуваат сите работни задачи, бидејќи работат во една од најважните институции во државата. Пендаровски дополнително рече: „Очекувам да не се срамите да кажете каде работите“.
„Во вашата работа неколку работи се најважни. Првата е владеењето на правото. Второ професионалноста. Во оваа држава законите важат подеднакво за сите, затоа полицијата мора неутрално да ги спроведува законите, без разлика на која било припадност на граѓаните. Полицијата мора да е деполитизирана и департизирана, токму тоа е предуслов за унапредување на полицијата. Пожртвуваноста на заштита на животите на граѓаните“, рече Пендаровски во дел од говорот.
Тој кажа дека за безбедноста на Македонија придонесува НАТО, но и натаму остануваат безбедносните предизвици со кои се справуваат полициските службеници.
„Неспорно е дека МВР е далеку понапред во однос на состојбите од пред 5-10 години, кога институцијата беше партиски штаб. Мораме да вложуваме во полицијата. Безбедносните предизвици како што се кибернападите, хибридните закани, тероризмот, нема да исчезнат. Реформите мора да продолжат“, додаде Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како единствена сила што ја претставува надежта, достоинството и иднината на Албанците во оваа земја“.
„На денешниот состанок беше формирано Заедничкото Претседателство на ВЛЕН, како прв орган што ќе ги координира сите политички и организациски активности на коалициско ниво.
Од денес стапува во сила мораториум на јавните активности на политичките партии учеснички во ВЛЕН, при што сите активности и настапи ќе се реализираат исклучиво под името, логото и единственото претставување на ВЛЕН.
Во наредниот период ќе се формираат и другите заеднички органи, вклучително и Раководството на ВЛЕН и Шефот на Изборниот штаб, кој ќе ја води подготовката за претстојните избори.
Пратеничката група на ВЛЕН ќе продолжи да функционира со актуелните пратеници кои го поддржуваат процесот на обединување и се посветени на јакнење на заедничкиот глас на Албанците“, велат од ВЛЕН.
Македонија
(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!“, напиша Пандов.
Тој додаде дека очекува институциите да го најдат и казнат сторителот.
Македонија
Милошоски: Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски, целта им беше лична дискредирација и злоупотреба на трагедијата

„Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ против МВР, Панче Тошковски. Целта им беше провидна“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.
„Прво лична дискредитација на Тошковски, а потоа злоупотреба на семејните емоции од големата трагедија во Кочани. Манипулативни намери, наместо реални предлози и поддршка“, додаде тој.