Македонија
Пендаровски разговараше со припадниците на Армијата распоредени во меѓународните мисии

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, оствари видеоразговор со припадниците на Армијата, кои се распоредени во меѓународните операции надвор од територијата на Република Северна Македонија.
Во пресрет на новогодишните празници претседателот Пендаровски ги поздрави нашите мировници во операцијата на КФОР во Косово, во мисијата УНИФИЛ, предводена од ОН во Либан, во операцијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, во мисијата ЕУТМ РЦА, предводена од ЕУ во Централноафриканската Република, во НАТО-активноста за Зајакнато истурено присуство во Латвија, припадниците на нашата Армија во мисиите на НАТО во Бугарија, Романија и припадникот на Министерството за одбрана во Ирак.
Во разговорот, претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ги цени ангажманот, професионализмот и пожртвуваноста на припадниците на Армијата, кои активно придонесуваат кон мирот и безбедноста во светот и претставуваат најважен влог во колективната одбрана.
Честитајќи им ги новогодишните празници, претседателот им посака добро здравје и натамошно посветено извршувањето на задачите бранејќи ги заедничките вредности, мирот, слободата и демократијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Голема неприлагодена брзина е причината за сообраќајката во која загинаа три лица

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е сличен како и бројот на жртви лани. Со тоа што можам да кажам дека бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тој упати апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, дозволената брзина, бидејќи експертите тврат дека и кога се управува возило, а тоа е над 70 км/час, а има челни удари како вчера, можноста за преживување е нула.
Македонија
На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.
Македонија
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.
Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените.
– По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.