Македонија
Пендаровски-Сасоли: Европската интеграција е наша долгорочна определба

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент.
На средбата Пендаровски изрази задоволство за постојаната и отворена поддршка за европската интеграција на Северна Македонија од страна на Европскиот парламент. Истовремено, тој го поздрави усвојувањето на резолуцијата по исходот од октомврискиот европски совет.
Усвојувањето на резолуцијата, со која се бара почнување на претпристапните преговори за Северна Македонија и за Албанија, како што истакна претседателот Пендаровски, би помогнало да се одржи мотивацијата кај нашите граѓани. Во оваа насока тој изрази и задоволство што Европскиот парламент останува посветен на проширувањето.
Пендаровски на средбата со Сасоли истакна дека одлуката на последниот самит на лидерите во Брисел беше неповолна со оглед на тоа што земјата презеде крупни чекори во внатрешните реформи и добрососедските односи, со цел да напредува во европските интеграции. Тој додаде дека одлуката на европскиот совет да се наврати на прашањето на проширувањето идната пролет може да биде демотивирачка за Северна Македонија и за целиот регион на Западен Балкан.
Претседателот нагласи дека европската интеграција останува долгорочна определба, мотивација за трансформација на општеството и имплементирањето на европските стандарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта на улицата Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа следи стабилизирање на времето.
Македонија
Мицкоски за предлогот на Филипче: Немам добиено никаков документ, ако добијам ќе дадеме наш инпут

„Па да го видиме документот, јас тоа велам да го видиме документот којшто ќе го поднесат. Се надевам дека ќе дозволат и ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група од владејачката коалиција да дадат свој инпут на сето тоа. Да го видиме документот, да видиме што е тоа што ќе понудат ново.“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата одговарајќи на новинарско прашање како го коментира предлогот на Венко Филипче.
Премиерот Мицкоски додаде дека многу такви декларации предложени од СДСМ се само обично слово на хартија и воопшто не се почитувале.
„Иако мора да кажеме дека во минатото декларациите на СДСМ се декларации коишто на крај завршуваат како обично слово на хартија, воопшто не се почитуваат. Имавме многу такви декларации во минатото како што кажав, но за жал СДСМ сето тоа коешто го декларира апсолутно не го почитуваше кога имаше кревка можност да управува со владата. Така што еве да го видиме тој документ, па да дадеме и ние наш инпут врз основа на тоа што ќе го видиме.“, изјави премиерот Мицкоски.